Дали знаевте? Хари не е вистинското име на омилениот принц…Ова се вистинските имиња на членовите на британското кралско семејство…


„Километарски потпис“…
Членовите на британското кралско семејство повеќето ги знаат како „принц тој и тој“, „принцеза таа и таа“ и слично, но работите ниту одблизу не се така едноставни. Еве како навистина се викаат…

Принцот Хари
Верувале или не, Хари не е неговото вистинско име. Тој всушност се вика, со полно име, Charles Albert David Mountbatten-Windsor, а прекарот „Хари“ го добил веднаш после раѓањето. Ќе биде интересно кое кралско име ќе го добие неговата идна сопруга, Меган Маркле


Принцот Џорџ
За да му го олеснат школувањето, првачето, принцот Џорџ добил ново име за во школо. Полното и службено име на принцот е Неговото кралско височество Принцот Џорџ од Кембриџ, а полното име му е George Alexandar Lewis.За да сите бидат поштедени од маки, малечкиот во школо официјално ќе го викаат Џорџ Кембриџ. Имено, презимето на кралското дете доаѓа од неговиот татко или мајка, а бидејќи неговиот татко е војвода од Кембриџ, малечкиот го добил тоа презиме.

Принцот Вилијам и војвотката Кејт
Вистинското име на војводата од Кембриџ е William Arthur Philip Louis Cambridge Mountbatten-Windsor. Неговата сопруга е родена како Кејт Мидлтон, а денес го носи името Catherine Elizabeth Cambridge Mountbatten-Windsor.


Принцезата Шарлот
Малечката принцеза го носи името Charlotte Elizabeth Diana Cambridge Mountbatten-Windsor, од кои едно е од нејзината починат баба, трагично настраданата принцеза Диана.

Кралицата Елизабета и принцот Филип
Шефицата на кралското семејство всушност се вика Elizabeth Alexandra Mary Mountbatten-Windsor.Вистинското име на нејзиниот сопруг е Philip Mountbatten.


Принцот Чарлс и војвотката од Корнвол
Неговото полно име е Charles Philip Arthur George Mountbatten-Windsor, а на неговата избраничка Camilla Parker- Bowles.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмскиот Театар ќе биде изведена претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската …