Психотерапевтите веруваат дека секоја жена може да препознае неверен маж…
Американскиот психолог, експерт за брак, Сузан Пис, издвоила пет вообичаени особини со кои може да се откријат измамниците.
– Совладајте ја оваа формула и многу лесно ќе ги „фатите“ мажите во измама, пренесува „Hafington post“.
1. Страв
Иако никој не сака другите да копаат во нивните приватни работи, нешто друго е кога се плашат да го остават телефонот без надзор.
2. Комплекси
Мажите кои се несигурни, без разлика дали се работи за нивниот изглед, плата или нешто друго, имаат три пати поголеми шанси да изневерат. На тој начин го задоволуваат своето его.
3. Нарцис
Нарцисоидните мажи се повеќе склони кон изневерување бидејќи немаат сочувство и ги гледаат жените само како предмети за нивно задоволство.
4. Недостаток на интимност
Едно е ако вашиот дечко отсекогаш бил ладен, но ако одеднаш стане таков, тогаш тоа е знак дека бил на страна.
5. Флертување
Едно е да се биде љубезен, а друго е кога некој го прави тоа постојано. Ја користи секоја прилика да флертува со други жени без разлика дали сте во негово друштво или не.
Фото: Архива