Дали сте подготвени за пролетно чистење на вашиот дом? Еве што може да ви помогне!


Пролетното чистење е многу повеќе од навика или обврска која ја практикуваме секоја година; тоа секој пат е идеалната прилика да се ослободите од насобраната прашина во текот на зимата и нечистотија, а при тоа да создадеме поздрав и попријатен простор за живеење. Редовното чистење на домот има позитивно влијание врз нашето здравје, бидејќи загадувачите, алергените и прашината може да предизвикаат и респираторни проблеми и алергии. Поради сето ова, пролетното чистење е вистинското време за темелно чистење на секој агол, а со тоа и за обезбедувања на подобар квалитет на воздухот и попријатен престој во домот.

Трикови за ефикасно чистење на просторот

Кога станува збор за темелно чистење, од клучно значење е да се обрне внимание на секој детал. Започнете со бришење прашина на сите површини – од полици и прозорци до мебел. Користете влажна крпа или крпа од микрофибер за да соберете ситни честички кои инаку се невидливи со голо око. Материјалот од микрофибер ефикасно собира прашина и не остава траги, што го прави идеален за сите видови површини.


Освен тоа, не заборавајте на теписите и тапацираниот мебел бидејќи тие често задржуваат голема количина нечистотија, дури и кога не гледаме очигледни траги. Правосмукалки со специјализирани четки и додатоци може да се користат за темелно чистење на теписите, додека специјализиран спреј за чистење може да се користи на тапациран мебел, кој не само што ја отстранува нечистотијата, туку и ги освежува ткаенините.


Подните површини – клучни за чистотата на вашиот дом

Чистењето на подните површини, како што се плочки, паркет или ламинат, е исклучително важно бидејќи подовите се најмногу изложени на нчистотии и бактерии. За плочки и камен, користете специјализирани средства за чистење кои не ја оштетуваат површината, но ефикасно ги отстрануваат маснотиите и нечистотијата. За паркет и ламинат најдобро е да користите благи детергенти и да не претерувате со влагата. Никогаш не користете премногу вода, бидејќи прекумерната влага може да ги оштети дрвените или површините од ламинат.

Еден од триковите за постигнување беспрекорно чисти подови е редовното чистење со правосмукалка. Нечистотијата што се акумулира на подот може брзо да стане невидлива, но нејзиното присуство може да го зголеми количеството на алергени во вашиот дом. Затоа е важно да се вакуумира најмалку двапати неделно, особено во периоди кога се акумулира повеќе прашина и нечистотија, како што е пролетта.


Samsung Bespoke Jet Complete – Вашиот пролетен асистент за чистење

Она што може многу да го олесни целиот процес на чистење е адекватен уред. Токму тоа е правосмукалката Samsung Bespoke Jet Complete, која овозможува брзо и ефикасно чистење, без никаков напор. Оваа правосмукалка е идеална за длабинско чистење на сите површини во вашиот дом. Со дигитален инвертер мотор кој испорачува моќност на вшмукување до 210 W и напреден систем за воздух, Bespoke Jet Complete овозможува беспрекорно чистење дури и на најситните честички од прашина. Мултициклонската филтрација задржува 99,999% од ситните честички и алергени, а воздухот што излегува од правосмукалката останува свеж и чист, што е од најголема важност за секој кој страда од алергии или е чувствителен на прашина.

Благодарение на модерниот дизајн, Bespoke Jet Complete не само што е ефикасна, туку е лесна за држење и за употреба. Рачниот дел од правосмукалката тежи само 1,44 кг, што значи дека можете да го исчистите целиот дом без напор. Дополнително, можете да чистите до 60 минути со едно полнење на батеријата, а со замена на батеријата, можете да го продолжите времето на чистење до два часа.

Производителот Samsung во моментов ја нуди промоцијата Try&Buy  која ќе трае до 27.04.2025, за да ве увери во квалитетот на селектирани модели на Bespoke Jet правосмукалки кои имате можност да ги вратите по 100 денови од купувањето. Побрзајте, и од селектираните правосмукалки, одберте ја најдобрата за вашите потреби и уверете се во извонредноста на квалитот на Samsung домашните апарати. Повеќе детали можете да прочитате тука.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Димиш одржа промоција на неговата нова песна и видео запис за „Срце и мозок“

Веќе одлично етаблираниот на македонската рок сцена Димиш одржа промоција во „Лабораториум“ за неговата најнова …