„Дали си маж“ освои две награди на фестивалот Paradiso Film Fest: за најдобро сценарио и најдобар филм со социјална тема

Краткиот филм Дали си маж / Are You a Man освои две награди на фестивалот Paradiso Film Fest: за најдобро сценарио и најдобар филм со социјална тема. Ова е голем
успех за продукцијата Минимал колектив, за актерите и екипата.  Сценаристот Ѓорче Ставрески радоста ја сподели на социјалните мрежи честитајќи им на сите:


Главната улога во филмот ја игра деветгодишниот Данило Ивановски, а во останатите улоги се: Душица Настова, Сашко Коцев, Драгана Костадиновска, Александар Микиќ, Анастасија Ласовска, Ѓорѓе Нешковиќ, Лила Милиќ и Мими Таневска Србиновска. Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценограф Симо Бранов, костимограф Жаклина Крстевска, шминка Жанета Димитриевска, снимател на тон Бојан Паликуќа.


Монтажата ја изработи Мартин Иванов.

Филмот е во продукција на Минимал колектив Скопје и Сет Сеил Филмс од Белград.


Продуцент е Ивана Шекуткоска, а копродуцент е Андријана Софраниќ Шуќур.

Дистрибутер на филмот е француската компанија Премиум филмс со седиште во Париз.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р.С. Македонија и Филмски центар Србија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„РОМСКА ДУША” – Меѓународна ромска поетска вечер

Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност “Романо Ило” од Скопје, вечерва,  ја организира првата …