Мандарините се вториот најпопуларен цитрус по портокалите.
Можете да уживате во мандарините како идеална закуска во движење, да ги исцедите за сок или да направите џем.
И’ покрај нивната мала големина во споредба со другите агруми, како што се портокалите и грејпфрутите, мандарините се богати со хранливи материи и вода, всушност тие се околу 85% вода.
Тие се одличен извор на витамин Ц, тие се и еден од најконцентрираните извори на бета-криптоксантин, антиоксиданс кој во организмот се претвора во витамин А и стои зад портокаловата боја на мандарини и други слични овошја. Покрај тоа, мандарините обезбедуваат калиум и витамини од Б комплексот, имено Б1, Б6 и Б9, иодносно тиамин, пиридоксин и фолати.
Висок процент на антиоксиданси
Антиоксидансите го штитат вашето тело со неутрализирање на штетните ефекти на оксидативниот стрес, кој е предизвикан од акумулацијата на слободните радикали. Мандарините, вклучувајќи ја и нивната кора, се богат извор на антиоксиданси како што се витамин Ц и бета-криптоксантин и флавоноиди како што се нарингин, хесперидин, танџеретин и нобилетин.
Средства за зајакнување на имунитетот
Витаминот Ц во мандарините може да помогне во заштитата на вашиот имунолошки систем од вируси и бактерии со тоа што делува на Т-клетките, тип на бели крвни зрнца кои го штитат вашето тело. Затоа, ви помага да одржите здраво ниво на овие клетки кои се борат против инфекции.
Погодни за слабеење
Мандарините можат да помогнат при губење на тежината со зголемување на дневниот внес на влакна. Цитрусните овошја, вклучително и мандарините, обезбедуваат нерастворливи влакна – вид што не ферментира во цревата – како целулоза и лигнин. Овој тип на влакна ја зголемува ситоста со забавување на транзитот на храна низ вашиот дигестивен тракт. Ова за возврат помага да се регулира вашиот апетит, што може да поттикне губење на тежината.
Фото: Архива