ИМА голем интерес меѓу научниците и обичните луѓе за тоа како да се живее долг, здрав живот. Иако има изобилство информации за долговечноста, како што се книги за готвење, научни написи и совети достапни преку брзо пребарување, количината на податоци може да биде огромна. Но, постојат едноставни навики кои можат да придонесат за долговечност. Овие навики не бараат големи промени, туку постојани секојдневни чекори.
Еве пет клучни навики кои експертите ги препорачуваат доколку сакаме да живееме до сто години или повеќе…
1. Јадете здрава исхрана
„Исхраната е убедливо најважниот фактор за долговечноста“, вели Валтер Лонго, експерт кој ја проучува долговечноста веќе 20 години, за CNBC. Тој препорачува исхрана слична на медитеранската, богата со растителна храна како мешунки, јаткасти плодови, цели зрна и зелен зеленчук. „Препорачувам 12 часа пост на ден, на пример, јадете помеѓу 7 и 19 часот“, додава Лонго.
2. Движете се секој ден
Експертите за долговечност препорачуваат секојдневна физичка активност, без разлика дали преку тренинзи или едноставни движења. „Жителите на сината зона се занимаваат со лесни активности како пешачење или градинарство секој ден“, вели истражувачот за долговечност Ден Буетнер, нагласувајќи ја важноста од постојано движење во секојдневните задачи.
3. Верувајте во нешто
Според Бутнер, долговечноста е поврзана со припадноста на религиозна заедница. „Луѓето кои одат во црква, храм или џамија живеат меѓу четири и четиринаесет години подолго од оние кои не практикуваат религија“, рекол Бутнер. Тој објаснил дека верата им помага на луѓето да најдат цел и чувство за смисла во животот.
4. Одржувајте позитивни односи
Најдолговечните луѓе ги ценат своите односи. Според едно 85-годишно истражување од Харвард, негувањето на односите е клучот за долг и среќен живот. Авторите на студијата, Марк Шулц и др. Роберт Валдингер, истакнале: „Никогаш не е доцна да се продлабочат важните врски“.
5. Најдете ја вашата цел
Пронаоѓањето смисла и цел им помага на многу луѓе да живеат подолго. „Луѓето со цел живеат околу осум години подолго“, нагласува Буетнер. Тој препорачува секојдневно да вложуваме време во активности кои ни носат радост и цел.
Фото: Архива