Diet and nutrition

ДАЛИ ОВОШЈЕТО И ЗЕЛЕНЧУКОТ ПОМАГААТ ПРИ СЛАБЕЕЊЕТО: Повеќе нема дилеми – сега е и научно потврдено!

Неодамнешните студии покажаа дека дневната потрошувачка на околу 80 грама овошје и зеленчук богата со флавоноиди може да спречи зголемување на телесната тежина.
Шпекулациите за шеќерите во овошјето, но и влијанието на зеленчукот врз зголемувањето на телесната тежина, конечно престанаа. Имено, британски научници официјално објавија дека овошјето и зеленчукот можат да влијаат позитивно на решавање на проблемот со вишокот килограми, но само доколку ги јадеме во ограничена мера. Имено, дневната потрошувачка на околу 80 грама овошје и зеленчук богати со флавоноиди, кои ги наоѓаме во грозјето, јаболката, крушата, јагодите, ротквицата, може да спречи зголемување на телесната тежина и генерално да го подобри здравјето.


Флавоноидите се фитохемикалии или растителни пигменти кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, а исто така се присутни во некои видови чаеви, вино и чоколадо. Познати се помеѓу 4.000 и 5.000 Тие делуваат како антиоксиданти затоа што прифаќаат слободни радикали на кислород, што може да ја оштети ДНК.
Една од главните својства и функции на овие пигменти е тоа што тие се апсорбираат во телото, а потоа многу брзо се излачуваат од телото, придонесувајќи за детоксикација на ензимите во црниот дроб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Траума и театар: Горан Стефановски“ од Мишел Павловски

На 29 ноември 2023 година, во Културно информативниот центар во Скопје со почеток во 10:00 …