ДАДИЛКАТА КАРОЛИН РАБОТЕЛА ЗА НИВ 5 ГОДИНИ И ОТКРИЛА СÈ ЗА ДЕЦАТА НА КЕЈТ МИДЛТОН И ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: „Еве какви се всушност децата на кралското семејство“


Поранешната кралска дадилка открива како ги поминувала вечерите со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис Артур Чарлс…
Секогаш кога се појавувале во јавноста, било очигледно колку се различни принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис Артур Чарлс. Сега поранешната кралска дадилка на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам отворено проговорила за тоа какви се всушност децата дома, вклучително и како го поминуваат слободното време.

Каролин Редгрејв работела како кралска дадилка пет години и секој ден го поминувала со децата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. Во интервју за „The Sun“, Редгрејв објаснила колку е важна ноќта во кралското домаќинство: „Ги запознавате во тие тивки вечерни часови… Тогаш се најопуштени“. Таа продолжила: „И потоа гледате колку се навистина учтиви и разиграни“.


Топла бања, тивка игра, млеко и потоа спиење
Каролин, исто така, зборувала за важните рутини што им помогнале на принцезата Шарлот, принцот Џорџ и принцот Луис Артур Чарлс.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


„Секогаш се држевме до позната структура – топла бања, тивка игра, приказна, потоа спиење. Рутината беше иста, без разлика што се случуваше во текот на денот“.
Што се однесува до грижата за децата, дадилката ги опишала како „навистина едноставни, многу природни“. Таа објаснила: „Без хемикалии. Само топла вода, мека крпа и производи на растителна основа.“
Дадилката, исто така, се присетила колку децата на Кејт и Вилијам биле различни едно од друго како деца. Секоја вечер, Џорџ наводно уживал да си игра со коцки за градење, додека неговата сестра Шарлот обично читала книга, а Луис сакал да си игра со плишани играчки.
„Тие не поминуваа време пред екраните навечер“, рекла таа, нагласувајќи дека на кралските деца ќе им се дало топло млеко пред спиење, со некои здрави закуски, вклучувајќи банани и оризови колачи.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На третото издание на Global Azure Skopje, ИТ заедницата во Македонија се обедини за настраданите од пожарот во Кочани

Во саботата, 10 мај 2025 година, во просториите на InnoX иновативниот центар во Скопје се …