„Да пишуваме за театар“ – Интерактивно предавање на Ана Стојаноска

На 10 ноември (вторник) во 19:00 часот, Ана Стојаноска, членкa на Друштвото на писателите на Македонија, ќе одржи интерактивно предавање на тема „Да пишуваме за театар“ во главната сала во ДПМ. Предавањето е од отворен тип, a поканети се сите љубители на штиците што живот значат.

„Театарот е најубавата уметност и најспецифичната: живее само во мигот додека се игра претставата. Сите други уметности може да се пре-гледаат, пре-слушаат, пре-читаат уште еднаш… но театарската уметност е уникатна – трае само до оној миг кога се спушта завесата и се гаснат рефлекторите.


Затоа за мене театарот е најубавата уметност“, вели Ана Стојаноска, професорка по македонска драма и театар на ФДУ во Скопје, „трае како и животот – миговно. Учејќи го театарот, јас учев дека театарот треба да се чува во колективната и интимната меморија, а театарот се чува преку пишување.

Затоа и одбрав да зборуваме за тоа како се пишува за театар, како се гледа театарска претстава, како се бележи театарска претстава, како се пишува за театарска претстава, што е театарска критика, и најважното – македонските прилики на театарските рецепции овде и сега.“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …