Јас сум Анѓела имам 28 години, самохрана мајка на две малолетни деца, подолг временски период имам проблем со сколиоза .
Неколку години ставена сум на листа на чекање за оперица кај нас но сеуште не сум повикана. Како одминува времето јас имам се повеќе потешкотии бидејќи сколиозата е во напредна фаза поточно 83 посто искривување, а со тоа и болките се зголемуваат.
Затоа побарав мислење надвор од нашата држава и добив одговор дека морам под итно да заминам на операција каде што имам голема надеж за мојата состојба да се подобри и да продолжам без потешкотии да се грижам за моите деца. Професорот од болница во Истанбул има голема прогноза за подобрување на мојата состојба.
Сумата од 27 000 евра јас ја немам, ниту пак можам сама без сите вас да ја обезбедам и затоа ве замолувам познати и непознати да се обединиме и да ми помогнете со тоа што ќе донирате и споделите.
Вашата донација за мене значи живот! Ве молам ДОНИРАЈТЕ И СПОДЕЛЕТЕ!