Д-р Беќаровски ги открива сведоштвата на хоспитализираните на Токсикологија: „Раскажуваат низ солзи како преку нив газеле други деца, бегајќи од пламените“


Докторот и екс-директорот на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски информирал дека повеќе млади биле хоспитализирани на клиниката, а го преживеале пожарот во кочанската дискотека. Според него, секој од младите има своја траорна приказна за ужасот кој го доживеале во тие 10-30 минути додека траел хоророт во „Пулс“.
Како што објави докторот, преживеаните „раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените, како изнесувале на своите раце изгорени и јагленисени свои другари, како мирисот на изгорено човечко месо им ги парал ноздрите, како топлината им го горела ждрелото, како чучнати во вецето го чекале судниот момент и уште многу други лични трауми кои ги погодија овие прекрасни млади личности“.

Беќаровски жали и оценува дека „ноќните кошмари уште долги години ќе бидат нивен несакан ноќен придружник“.


РАНИ НА МЛАДИТЕ НЕДОЛЖНИ ДУШИ
–  На Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади страдалници од хоророт кој го доживеаа во таканаречениот кабаре бар.
Од една страна среќни што сепак извлекле жива глава, задоволни што поминале со некоја полесна изгореница, сe уште со по некој гареж во нивните гради.
Но секој од нив има своја траорна приказна за ужасот кој го доживеале тие 10-30 минути.
Раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените, како изнесувале на своите раце изгорени и јагленисени свои другари, како мирисот на изгорено човечко месо им ги парал ноздрите, како топлината им го горела ждрелото, како чучнати во вецето го чекале судниот момент и уште многу други лични трауми кои ги погодија овие прекрасни млади личности.
Тие раскажуваат, нас солзите сами нѝ навираат.
Ова се дваесетина индивидуални драми, но секој од тие петстотини невини фиданки, има своја приказна, своја лична траума. Драми кои не може да ги креира ниту Холивуд.
Физичките трауми ќе зараснат или ќе остават трајни физички дефекти, но душевните трауми уште долго или доживотно ќе бидат нивен следбеник.
Ноќните кошмари уште долги години ќе бидат нивен несакан ноќен придружник.


ЗОШТО ???
“За туѓи бели дворови, копај си црни гробови” – пишува доктор Беќаровски на својот профил на Фејсбук.

Извор и фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЕДИНСТВЕН ЗБОР КОЈ ИМА ИСТО ЗНАЧЕЊЕ ВО СИТЕ ЈАЗИЦИ: Експертите го сметаат овој израз за „мост“ помеѓу различните култури

Комуникацијата во странска земја може да биде огромен предизвик, особено кога не го познавате локалниот …