Драги Иванов, музичар и музички продуцент од Скопје, кој поактивно споделува своја музика оваа година, денес, недела на 29ти Септември го објави трет сингл за 2024, „Спас”, каде самиот е изведувач, кант-автор и продуцент, а воедно е и одговорен за видео записот. Како и со претходниот видео запис за „Крута”, Мирослав Илиќ е одговорен за графичкиот дизајн и колорот на видеото.
Може да ја чуете песната и да го видите спотот подолу.
Денес е исто така 5 годишен јубилеј од неговиот прв сингл „Dreams I Lost” па и причината зошто денес ја издава и песната „Спас”.
Доколку сакате да ја чуете „Dreams I Lost”, можете на линкот подолу.