Масажата се користи со векови и се смета за најефикасно средство кое ни овозможува да го зачуваме нашето здравје и да се ослободиме од стресот.
За жал, луѓето на кои им е потребна масажа, особено оние кои водат активен животен стил, презаситени со стресни ситуации, обично не можат да најдат слободно време за посета на салон за масажа.
Затоа, еве петминутна масажа на прстите која се прави во секое време, на секое место, дома, на работа, на патување.
Со масирање на прстите ќе ги опуштите затегнатите мускули, ќе бидете поспособни за работа и посреќни.
Вежба 1 – Фатете го малиот прст со палецот и показалецот, лесно протресете го за да ја намалите мускулната напнатост. Потоа, додека ви е удобно, свртете го малиот прст во насока на стрелките на часовникот. По 10 секунди, сменете ја насоката. После тоа, направете ја оваа вежба на ист начин со другите прсти на рацете.
Вежба 2 – Со притискање на коренот на секој прст, може да предизвикате зголемување на виталноста. На крајот на палецот има рефлексна зона поврзана со белите дробови, а со тоа што делувате на неа помагате да се ослободат дишните патишта и носните шуплини. Протресете ги рацете.
Вежба 3 – Стиснете ја раката во тупаница, но за да има празен простор внатре и ставете го палецот од другата рака внатре. Соберете ја тупаницата, цврсто фаќајќи го палецот и лесно влечејќи го, како да се обидувате да ја истегнете. Потоа направете го истото со другите прсти.
Вежба 4 – На крајот протресете ги рацете. Неопходно е да се почувствува топлина и опуштеност во нив.