Главоболка предизвикана од топлина се јавува кога изложувањето на високи температури ја надминува способноста на телото ефикасно да ја регулира температурата.
Ова може да биде резултат на продолжено изложување на топлина, напорна физичка активност на високи температури или поминување време во средини како што се сауни.
Според здравствените експерти, прекумерната топлина навистина може да предизвика главоболки. Сепак, реакцијата на телото на топлина може да придонесе и’ за развој на главоболки.
Факторите како дехидрација, отсјај од сонце, притисок и влажност во воздухот може да ги влошат топлотните главоболки. Дехидрацијата игра особено важна улога, бидејќи на телото му треба повеќе течност за да ги компензира загубите од пот во топло време.
Симптомите можат да се манифестираат поинаку, а вклучуваат гадење, вртоглавица, грчеви, несвестица, студена кожа, како и постојана жед.
Што можете да направите за да спречите тоа да се случи? Пред сè, ограничете ја изложеноста на отворено. Пијте многу вода за да спречите дехидрација. Изберете соодветна облека – лесни и прозирни парчиња.
Конзумирајте пијалоци богати со електролити за да се рехидрирате. Внимавајте на исхраната и јадете храна богата со вода. Покрај употребата на крем со заштитен фактор, можете да користите и ладни облоги за намалување на температурата и ублажување на симптомите на главоболка.
Фoтo: Архива