ЗАНИМЛИВОСТИ

Португалецот Невеш се пресели во Саудиска Арабија за 55 милиони евра

– Португалскиот играч за врска Рубен Невеш (26) ги напушти редовите на англискиот фудбалски прволигаш Вулверхемптон и потпиша договор со саудискиот клуб Ал Хилал. Според англиските медиуми, Вулверхемптон ќе добие обесштетување од околу 55 милиони евра. „Начинот на кој соработувавме, на кој се боревме за клубот, тоа што го постигнавме …

Повеќе »

Бројни ѕвезди во хуманитарен натпревар за Украина

– Лондонскиот стадион „Стемфорд Бриџ“ в сабота на 5 август ќе биде домаќин на хуманитарен натпревар на кој собраните финансиски средства ќе бидат наменети за обнова на разурнатите училишта во Украина. Насловен како „Натпревар за Украина“ (Game4Ukraine), настанот од хуманитарен карактер ќе собере на едно место бројни фудбалски ѕвезди вклучувајќи …

Повеќе »

Бенитез седна на клупата на Селта Виго

– Шпанскиот фудбалски стратег Рафаел Бенитез (63) е нов тренер на Селта Виго на местото на Португалецот Карлос Карвахал. „Бенитез е еден од најуспешните тренери во историјата на нашата земја, а водеше екипи од светска класа во главните европски лиги“, објави во петокот вечер Селта, додавајќи дека договорот за соработка …

Повеќе »

Бускетс потпиша за Интер Мајами

– Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Бускетс (34) ќе ја продолжи кариерата во Интер од Мајами, објави синоќа клубот од американската МЛС професионална лига. Трансферот значи дека Бускетс повторно ќе игра во иста екипа заедно со Лионел Меси, со кого 13 години беа клупски колеги во Барселона, пред Аргентинецот да замине …

Повеќе »

УЕФА ја исфрли Осасуна од Европа поради местење натпревари

– Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја исфрли Осасуна од европските клупски натпреварувања за претстојната сезона, објави синоќа шпанскиот клуб. Осасуна е исфрлена од Европа бидејќи нејзиното поранешно клупско раководство е осудено за местење натпревари во шпанското првенство во 2014 година. Клубот од Памплона, кој избори пласман во Конференциската лига на …

Повеќе »

Сопственикот на Челзи го купува француски Стразбур

– Американскиот конзорциум „BlueCo“, кој лани го купи премиерлигашот Челзи, ќе ја презема контролата и врз францускиот фудбалски прволигаш Стразбур. Англиските медиуми јавија дека сопственикот на Челзи, американскиот милијардер Тод Бојли и неговите соработници, за мнозинскиот пакет акции на Стразбур ќе платат околу 70 милиони евра. „Овој договор претставува ново …

Повеќе »

Македонските тенисерки изборија финале во Третата Европска зона во Били Џин Кинг купот

– Македонската женска тениска репрезентација обезбеди пласман во финалето во Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот, откако попладнево во Скопје во завршното петто коло ја совлада Молдавија со 3-0 и со максимален ефект од пет победи заврши првопласирана во групата Б. Почетна предност за македонската репрезентација обезбеди Магдалена …

Повеќе »

Хаџибегиќ веќе не е селектор на БиХ

– Фарук Хаџибегиќ веќе не е селектор на Босна и Херцеговина, ја потврди денеска босанската фудбалска Федерација (НС БиХ) одлука која беше очекувана по серијата слаби резултати во квалификациите за ЕУРО2024. „Претпладнево имаше разговор меѓу претседателот на НС БиХ, Вицо Зељковиќ, директорот на репрезентацијата Звездан Мисимовиќ и Хаџибегиќ, и договорен …

Повеќе »

Меѓународниот олимписки комитет ја критикува Украина

– Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, ги критикуваше украинските власти поради забраната на своите спортисти да учествуваат на олимписките квалификации на кои настапуваат и спортисти од Русија и Белорусија. Украинските спортисти изминатите недели ги пропуштија светските или европските првенства во џудо, мечување и таeкводно на кои под …

Повеќе »