тв лица

„Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ вечерва го затвора МФФ Киненова

Со доделувањето на фестивалските награди и проекција на филмот „Чувари на формулата” на Драган Бјелогрлиќ, вечерва во Синеплекс, со почеток во 20 часот, свечено ќе биде затворено 8. издание на МФФ Киненова. Драган Бјелогрлиќ е еден од најголемите и најзначајни српски актери, режисери и продуценти и еден од најуспешните филмски …

Повеќе »

20 години без великанот Ѓорѓи Колозов

Ѓорѓи Колозов бил роден на 26 февруари 1948 во Богданци. Тој е еден од најпознатите глумци во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ. Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, САД, …

Повеќе »

Талентираната актерка ја искористи нејзината креативност за да ја подигне свеста за нарушувањата во исхраната

Хајал Косеоглу на публиката и е позната како Мерве од серијата „Пријатели засекогаш“ која неодомна започна да се емитува на Dizi. Хајал започнала со глума на само 6-годишна возраст. Но, покрај нејзините актерски способности, таа откри уште еден свој талент: да ја употреби својата модна креативност за да ја подигне …

Повеќе »

Од 12 октомври во „Синеплекс“ започнува кино дистрибуцијата на  „Домаќинство за почетници“

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој е  македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ и е еден од селектираните филмови за Европските филмски награди, од 12. октомври (четврток) ќе почне да се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје. Светската …

Повеќе »

Повеќе од 550 учесници од девет земји на 11. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Повеќе од 550 учесници од девет земји од утре ќе бидат дел од 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ во Скопје. На добро познатите локации – Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија и киното „Милениум“ до 10 октомври џифонци ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе учествуваат на …

Повеќе »

Вардан Тозија: Продолжувам да се надевам дека е можно да се промени нешто со авторскиот израз и таа мисла за промени е мојот двигател

Дистописката приказна за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, ќе го има своето премиерно киноприкажување на 5 октомври во Синеплекс. По премиерната проекција на филмот „М” на Вардан Тозија публиката ќе може да го погледне во кино салите во Скопје и …

Повеќе »

Започна снимањето на долгометражниот игран филм „На сè ќе дојде крај“ на Рајко Грлиќ, ко-продукција на Веда Филм од Северна Македонија

На 19 септември 2023г., во Загреб започна снимањето на долгометражниот игран филм „На сè ќе дојде крај“ на режисерот Рајко Грлиќ, кое ќе трае до крајот на октомври оваа година. Како ко-сценаристи се потпишуваат писателот Антe Томиќ и Рајко Грлиќ, а филмот е во продукција на Интерфилм од Хрватска. Приказната …

Повеќе »

Денес роденден слави нашиот познат актер Зоран Љутков

Зоран Љутков е роден на денешен ден во 1977 година во Велес. Дипломирал на Факултетот за драмски Уметности во Скопје во 2001 година во класата на Владимир Милчин, а во 2002 година запишал постдипломски студии за сценографија на Универзитетот за уметности во Белград. Во 2006 година се вработил како глумец …

Повеќе »

„КАЈМАК” НА МАНЧЕВСКИ ОСВОИ НАГРАДА И ВО ТИРАНА, ДОБИ ЧЕТИРИ НАГРАДИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ 

Уште едно признание за „Кајмак” на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски – ја освои Наградата на публиката на Филмскиот фестивал во Тирана, кој заврши синоќа. Најновиот филм на Манчевски минатата недела го отвори Тиранскиот фестивал, а режисерот беше пречекан со огромни почести од културната и политичка јавност на Албанија. Манчевски …

Повеќе »