филм

Амбасада на Италија, Скопје – ревија на современ италијански филм

Од 6-ти до 9-ти ноември во Киното Cineplexx во Скопје Сити Мол ќе се одржи ревија на современ италијански филм под називот Cinema Made in Italy. Настанот, кој во нашава земја се одржува за прв пат, е организиран од Cinecittà, Италијанскиот институт за култура од Белград, Амбасадата на Италија во Скопје  и Cineplexx Skopje City Mall.  Програмата  вклучува четири филма од најновата италијанска продукција, кои беа прикажани на последното издание на Филмскиот фестивал во Венеција: Убаво лето (2023) во режија на Лаура Лукети Како овци меѓу волците (2023) во режија на Лида Патитучи Мими – принцот на ноќта (2023) во режија на Брандо Де Сика Адаџо (2023) во режија на Стефано Солима  Филмовите се титлувани на македонски јазик, а проекциите започнуваат во 20 часот. Сите приходи од продажбата на билетите со сомболична цена од 120 …

Повеќе »

МКЦ го најавува 48-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од 8 до 18 ноември, со вкупно 29 театарски настани, претстави, работилници, промоции и мастерклас предавања

Фестивалот се отвора со домашна продукција – претставата „Декамерон“, во режија на Мартин Кочовски на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Од италијанскиот хуманизам, следниот ден на сцена го гледаме рускиот реализам, „Браќа Карамазови“, претстава со која режисерот Оливер Фрљиќ, по девет години се враќа на сцената на „Загребско казалиште младих“ …

Повеќе »

„Кајмак” на Манчевски патува во Стокхолм, Рим, Хаг, Лондон, Буенос Аирес, кинопремиери во Холандија и Хрватска

Филмот„Кајмак” на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски ја финишира извонредно успешната и плодна фестивалска година со проекции во Стокхолм, Рим, Хаг и Лондон, а следната година ја стартува во официјална конкуренција за најдобар филм на фестивалот во Буенос Аирес, Аргентина. Филмот од 2 ноември е и на редовниот кино репертоар …

Повеќе »

Буџетот за филм за 2024 во фокусот на средбата на филмаџиите и Министерката за култура

На барање на филмските професионалци (режисери и продуценти), денеска во Кинотека на Македонија се одржа конструктивна средба со Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. На средбата се разговараше за дефинирање на буџетот за филм за претстојната 2024 година и конечна стандардизација на годишниот буџет за филм, како стабилна ставка во државниот …

Повеќе »

Гала филмска вечер со проекција на француско-шпанскиот филм „Ѕверови“

Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција и Амбасадата на Шпанија во Северна Македонија, со поддршка на генералниот покровител „Зегин” и на винаријата „Тиквеш”, имаат чест да Ве известат дека организираат трета по ред за годинава гала филмска вечер со проекција на филмот „Ѕверови”. Филмот ќе биде премиерно прикажан в …

Повеќе »

Италијанска премиера на македонскиот филм „М” на Вардан Тозија во Трст

Македонскиот филм „М” во режија на Вардан Тозија на 1 ноември ќе биде прикажан на фестивалот Trieste Science + Fiction Festival. Ова е италијанска премиера на филмот работен по сценарио на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од …

Повеќе »

Наградата за најдобар актер, повторно во рацете на Никола Ристановски

  Наградата „Борисав Станковиќ” на 43. Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани”, за најдобра машка улога му се доделува на Никола Ристановски за ликот на д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател” од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје. Одлуката …

Повеќе »

Најдоброто од актерската сцена од екс-ју во најголемите хитови на Телеком Србија продукција кои го освоија регионот и светот

Филмовите и сериите кои во изминативе години излегоа од продукцијата на Телеком Србија и континуирано ја освојуваат публиката поместувајќи ги рекордите за гледаност дел од својата популарност ја должат и на одличниот микс од актери и креатори од речиси сите простори од поранешна Југославија. Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Никола Ристановски …

Повеќе »

Нашиот познат актер Дејан Лилиќ денес го прославува својот 49-ти роденден

Дејан Лилиќ е роден на 26 октомври 1974 година во Скопје. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1997). Од 1998 година работи во Драмски театар Скопје. Уметнички раководител на ДТС (2007-2010). Директор на Македонскиот народен театар (2011-2015). Има остварено голем број главни и споредни улоги во …

Повеќе »