Сцена

Сеќавање: на денешен ден почина нашиот познат естраден уметник Стево Теодосиевски

Стево Теодосиевски е роден на 16 април 1924 година во Кочани. Тој беше познат македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист. На почетокот на 1950-тите години работи како корепетитор на програмата на Радио Скопје. Во 1954 година ја запознава Есма Реџепова која подоцна ќе му стане животна сопатничка. Во периодот …

Повеќе »

Денес роденден слави актерката Александра Павлова

Александра Павлова е родена на 9 април 1987 година во Скопје. Основното и средното образование ги завршила во својот роден град, Скопје, додека за високото образование Павлова се преселила во Болоња, Италија, каде што студирала на драмскиот факултет на државниот Универзитет. Магистрирала во 2011 година во класата на науки за …

Повеќе »

Маестралниот Сергеј Крилов, со Македонската филхармонија настапува како виолинист и диригент

Македонската филхармонија го најавува концертот „Езотерија”, кој ќе се одржи овој четврток (11.04.2024) со почеток во 20 часот, а на кој како виолинист, но и како диригент, настапува прочуениот Сергеј Крилов! Заедно со Крилов (1970), кој се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација и веќе одамна етаблиран и …

Повеќе »

Сеќавање: Пет години без нашиот режисер, драматург и професор Златко Славенски

Златко Славенски е роден во Скопје на 8 август 1966 година. Во родниот град каде завршил основно и средно образование. Во 1986 година се запишал на редовни студии на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Во потрага по задоволување …

Повеќе »

Денес роденден слави нашата позната пејачка Маја Вукичевиќ

Маја Вукичевиќ е родена на 8 април 1974 година. Најпрвин, кариерата ја започна како ТВ презентер и новинар, но музиката цело време била присутна во нејзиниот живот, благодарение на нејзината мајка Милка, која била оперска пејачка. Нејзиното пејачко деби се случи во септември 1997. година, кога на фестивалот Охридски трубадури …

Повеќе »

Концерт за сите љубители на класичната и фламенго музиката, со гости од САД и Полска

Денес – недела свечено ќе биде затворен 6-от Меѓународен фестивал за кларинети КЛАРИФЕСТ-Скопје 2024 со концерт на кој ќе настапат гостите од САД и од Полска. Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба со почеток во 20ч. а влезот е бесплатен. Публиката ќе има уникатна можност да ужива …

Повеќе »

Среќен роденден Мартија Станојковиќ !!!

Мартија Станојковиќ е родена на 7 април 2004 година во Куманово. Таа започнала да го развива нејзиниот музички талент кога имала само 5 години, приклучувајќи се на денс студиото “Ултра”. На 7 годишна возраст ја снимила својата прва песна „Пејачка ќе станам“ со која настапила на кумановскиот детски фестивал „Детелинка“. …

Повеќе »

Сеќавање: 5 години без нашата актерка Билјана Беличанец-Алексиќ

Билјана Беличанец-Алексиќ е родена на 25 јули 1973 година во Скопје. Таа беше истакната македонска театарска, телевизиска и филмска глумица. Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувала функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода. Ќерка е на познатиот водител на манифестации, Симон Беличанец. Во 1994 година дипломирала како најмлад …

Повеќе »

Денес роденден слави нашата позната пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни Блага Петреска

Блага Петреска е родена на 6 април 1947 година во Прилеп. Завршила нижо музичко училиште во Прилеп, средно музичко училиште и Виша педагошка академија во Скопје. Три години работела како наставник во нижото музичко училиште во Прилеп, а три и пол децении како член на хорот при операта на Македонскиот …

Повеќе »