ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР

Денеска се празнува Свети Наум Охридски

Нашиот преподобен и голем отец Наум, согласно воспитувањето на благородните родители, откажувајќи се од благородството и богатството, им се придружи на рамноапостолните браќа Константин Философ и Методиј. Станувајќи им придружник на овие прекрасни мажи и благовесници на Вистината, се предаде во нивни раце. Нив ги имаше за пример во сè …

Повеќе »

Денеска се празнува Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа

Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господ Исус, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ? стапи во брак со некој незнабожечки …

Повеќе »

Денеска се празнува Светата маченичка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа

Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ? беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека …

Повеќе »

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според …

Повеќе »

Денеска се празнува Светиот маченик Бонифациј

Мачеништвото за Христа од грешникот прави светител. Тоа го покажува примерот на Свети Бонифатиј. Тој најпрво ѝ беше слуга на некоја богата и развратна жена во Рим, Аглаида, со којашто имаше нечиста и незаконска врска. Обајцата беа незнабожци. Еднаш Аглаида посака да има во куќата маченички мошти и да ги …

Повеќе »

Денеска се празнува Светиот маченик Севастијан и другите со него

Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. …

Повеќе »

Денеска се празнува Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил

Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата …

Повеќе »

Денеска се празнува Светиот пророк Агеј

Роден е во Вавилон за време на робувањето на Израилот од племето Левиево. Пророкуваше 470 години пред Христа. Како млад го посети Ерусалим. Ги поттикнуваше Зоровавел и свештеникот Исус да го обноват храмот Господов пророкувајќи му на тој храм поголема слава од поранешниот храм Соломонов. „Славата на овој последен храм …

Повеќе »

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Елевтериј

Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај …

Повеќе »