НАЈНОВО

Роденденски концерт на Македонска филхармонија – 79 години љубов и инспирација!

Оркестарот на Македонската филхармонија, денес, 23 ноември 2023 година, со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Вдахновение“ со кој ќе одбележи 79 години од формирањето. Диригент е маестро Конрад ван Алфен (Холандија), а како солисти ќе настапат Даниел Роланд – виолина (Англија/Холандија) и Маја Богдановиќ – виолончело …

Повеќе »

На денешене ден беше роден нашиот истакнат поет и академик Радован Павловски

Радован Павловски бил роден во Ниш на 23 ноември 1937 година. Истакнат македонски поет, есеист, патописец и публицист. Павловски потекнува од гостиварското село Железна Река. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Хрватска (1964-1982), во Белград, Србија (1982 – 1985), …

Повеќе »

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ во МНТ

Во петок, 24 ноември 2023 година, во Македонскиот Народен Театар, со почеток од 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Момчето со пругасти пижами“. Жива слика за војната и нејзините ужаси низ призма на интензивен психолошки судир на архетипни карактери кај едно нацистичко семејство во окупирана Полска. Длабоко скриени брачни тајни …

Повеќе »

Концерт на Георги Шарески Џезтет во Јавна Соба

На 23 ноември 2023 година во Јавна Соба во Скопје, со почеток од 21:30 часот, ќе имате можност да уживате во најновиот проект на композиторот и гитарист Георги Шарески. Овие композиции во вистинско светло го прикажуваат разиграниот дух и единственоста на Шарески како композитор, но и неговиот необичен и неспоредлив …

Повеќе »

Сеќавање – 11 години без нашата истакната поетеса Ката Мисиркова-Руменова

Ката Мисиркова–Руменова била родена во Постол, Егејска Македонија на 14 септември 1930 година. Поетеса, раскажувачка, романсиерка, авторка за деца и млади, драмска писателка и публицистка. Ката Мисиркова-Руменова е внука на Крсте Мисирков. Извонредно плодна авторка, со околу 120 библиографски единици и шеесетина радио драми за возрасни и за деца. Тематски …

Повеќе »

„Ѕуница“ – инклузивна театарска претстава

На 23.11.2023 година, во МКЦ во 19 часот, ќе може да ја погледенете инклузивната театарска претстава „Ѕуница“. Децата од дневниот центар и нивните другарчиња, инспирирани од сликовницата „Ѕуница“, по втор пат спремија инклузивна претстава за вас. Режија: Роберт Ристов Сценографија: Сара Синани Драматург: Дарко Спасов Илустрација и графички дизајн: Иванка …

Повеќе »

Монодрамата „Крик“ во КСП Центар -Јадро

Во четврток, 23 ноември 2023 година, во КСП Центар -Јадро, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете монодрамата „Крик“. За последните 30 дена на ,,Гугл” имало 1 958 795 преберувања за: ,, Како да силувам без никој да дознае?” Потиснати од општеството и навикнати сѐ да прикриваме-приказните …

Повеќе »

Премиера на младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“

Во среда, на 22 ноември 2023 година, во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена младинската претстава „Како ќе го делиме мачорот“. Автор на текст и режија: Јане Спасиќ Драматизација: Играат: Драган Довлев Ана Левајковиќ Бошков Матеа Јанковска Никола Наковски Ангела …

Повеќе »

Сеќавање – на денешен ден во 2014 година почина истакнатиот македонски сликар Милош Коџоман

Милош Коџоман бил роден во Скопје на 22 октомври 1952 година. Тој е македонски сликар, припадник на новата генерација уметници што се појавиле во почетокот на 70-тите години на минатиот век. Неговите уметнички проекти ги обележуваат првите прогресивни манифестации, како што се перформансот и инсталацијата. Коџоман е роден во Скопје …

Повеќе »