НАЈНОВО

Во Велес почнува Театарскиот фестивал „5РЕ“ посветен на доајенот Петре Прличко

Денес, токму на Светскиот ден на театарот 27 март, започнува четвртото издание на фестивалот посветен на великанот Петре Прличко, во организација на Здружението на граѓани “Плус публика”. Во негова чест ќе биде доделена и истоимената награда за животно дело на актерката Слободанка Чичевска, која веќе четири децении е дел од …

Повеќе »

Сеќавање: 4 години без нашиот легендарен пејач и композитор Зафир Хаџиманов

Зафир Хаџиманов е роден во Кавадарци на 25 декември 1943 година. Тој беше истакнат македонски пејач, композитор, актер и поет. По таткова линија, Зафир Хаџиманов потекнува од Кавадарци, додека по мајчина линија е скопјанец. Неговиот татко, Васил Хаџиманов, бил првиот во семејството кој започнал да се занимава со музика уште …

Повеќе »

Денес роденден прославува нашиот познат актер Лазе Манасковски

Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 година. Тој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Димпломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Во 1983 се вработил како глумец во Драмски театар – Скопје и работи се до неговото пензионирање во 2022 …

Повеќе »

Прес конференција на Струшки вечери на поезијата

На 27 март 2025 година, Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат почетокот на својот програмски дел со значајни настани. Во 11 часот, во МАНУ, ќе се одржи свечено прогласување на лауреатите на Струшките вечери на поезијата за 2025 година, момент на признание за најистакнатите поети и нивните творби. По …

Повеќе »

Отворен повик на Фондот за културно наследство „Хедли“

Фондот за културно наследство во Југоисточна Европа „Хедли“ го објави вториот повик за непрофитни организации и јавни институции (музеи, библиотеки, архиви и галерии) за поддршка на проекти насочени кон зачувување, промоција и одржливо користење на културното наследство. Покрај македонските, право на аплицирање имаат организации и институции од: Албанија, Босна и …

Повеќе »

Работилница за експериментални видео форми инспирирана од Меријам Тафакори

Во четврток на 27 март 2025 година, во 14:30 часот во КСП Центар-Јадро, ќе се одржи Работилница за експериментални видео форми инспирирана од Меријам Тафакори. Оваа работилница нуди простор за експеримент и истражување на методолошките пристапи на Меријам Тафакори, чија кинематографска практика претставува поетска истрага на сензуалното и неизговореното во …

Повеќе »

Со низа активности НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе го одбележи значајниот јубилеј – 80 години од основањето

Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа активности ќе ја одбележи долгогодишната традиција, културната мисија и придонесот на установата во зачувувањето и промовирањето на знаењето. Одбележувањето на јубилејот започна вчера, со панел-дискусијата на тема: „Библиотеката – срце на заедницата: …

Повеќе »

Три преводи на македонски јазик меѓу најдобрите преводи на драмски дела на европско ниво за 2025 година

Европската мрежа за драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри преводи на драмски дела на европско ниво за 2025 година, меѓу кои се и три преводи на македонски јазик. Македонскиот комитет на Еуродрам разгледа вкупно 20 предложени драмски преводи на македонски јазик од кои како најдобри ги избра: …

Повеќе »

Фестивалот „Денови на македонска музика“ се одложува за месец септември

Со длабоко сочувство и почит кон жртвите на трагичниот настан во Кочани и нивните семејства, ве известуваме дека 48-мото издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, првично планирано од 17 март до 24 април 2025 година, се одложува за месец септември оваа година. Од планираната програма, единствено концертот на Филхармонија …

Повеќе »