Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, завчеравечер присуствуваше на првото издание на манифестацијата „Ability awards“, каде што на реномираната пијанистка Ема Ананиевска ѝ ја врачи наградата за култура и уметност. Министерот Љутков упати честитки до Ананиевска, која е дипломирана пијанистка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, истакнувајќи дека …
Повеќе »Уметничкиот проект „Градот како сцена: Пловечки универзитет“ од 5 до 7 декември на неколку различни локации во Скопје
Предавање, работилница и перформативна театарска тура изведувана по улиците на Скопје, на уметничкиот проект „Градот како сцена: Пловечки универзитет“, ќе се одржи од 5 до 7 декември на неколку различни локации. Тридневниот уметнички проект почнува в четврток (5 декември) во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде што од 10:00 …
Повеќе »Вечерва во МСУ ќе биде отворена меѓународната изложба „Војна на сетилата/ Војна врз сетилата“
Годинашната разнообразна уметничка и изложбена програма на Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде заокружена со уште една импозантна меѓународна изложба, која ќе биде отворена денес, во 20:00 часот. Изложбата „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“ ги вклучува едни од најреномираните автори и уметнички колективи денес, добитници на бројни награди …
Повеќе »Драмски театар Скопје гостува во Београдско драмско позориште на РУТА со „Чудна случка со кучето во ноќта“
Драмски театар-Скопје со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“, денес гостува во Белградското драмско позориште во рамки на фестивалот Рута кој од 2-7 декември се одржува во Белград. Претставата е авторска адаптација на Сајмон Стивенс направена според мотивите од романот на Марк Хадон. Режисер е Зоја Бузалковска, професор на …
Повеќе »Изложба за животот и делото на Мајка Тереза во КИЦ во Истанбул
Во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Истанбул денес во 18:00 часот ќе биде отворена изложба посветена на животот и делото на скопјанката Мајка Тереза. Изложбата, која е во организација на Спомен-куќата на Мајка Тереза и македонскиот КИЦ во Истанбул, има цел да го доближи до публиката исклучителниот животен пат …
Повеќе »Урнебесната македонско-српска комедија „Обвинителка“ гостува во МНТ
Вечерва, со почеток во 21:00 часот, во Македонскиот народен театар, гостува театарската хит комедија „Обвинителка“. Играат: – Лидија Вукиќевиќ – Р.Србија – Магдалена Ризова – Черних – Сашо Ристовски – Бранко Атанасов Автор: Огнен Неделковски Сценограф: Крсто Богојевски Костими: Елена Лука Музика: Мишел Трајковски Како е да се биде бизнисмен? …
Повеќе »Министерот Љутков му го честиташе светскиот успех на танчарот Анди Исмаили
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков се сретна со петкратниот светски шампион во модерен танц, Анди Исмаили. „Младиот гостиварец е инспирација за сите нас“, вели министерот Љутков, кој му го честиташе успехот на Анди, оценувајќи го како не само големо достигнување, туку и сведоштво за неговата посветеност, талент и …
Повеќе »Денес роденден прославува нашиот познат пејач Ѓоко Ѓорчев
Ѓоко Ѓорчев е роден во Неготино на 5 декември 1955 година. Со музика почнува да се занимава од најрана возраст кога во 1970 година победува на „Златен глас” на Македонија со песната „Марија”. Професионалната кариера на Ѓорчев започнува во 1992 година со настап на фестивалот „Будва фест“ во Будва со …
Повеќе »Промоција на бајката „Барското фенерче“ и изложба на илустрации
Денес со почеток во 18:00 часот во Лабораториум во Скопје, ќе биде промовирана бајката „Барското фенерче“. Во склоп на оваа промоција ќе биде претставена и изложбата на магичните илустрации од самата сликовница кои ќе имате можност да си ги набавите врамени за дополнување на царството наречено детска соба. Автор: Цвете …
Повеќе »