КУЛТУРА

Сеќавање: на денешен ден беше роден нашиот поет, раскажувач и публицист Петре Бакевски

Петре Бакевски е роден во Кавадарци на 5 јануари 1947 година. Тој беше истакнат македонски поет, раскажувач, публицист и театарски критичар. Бил уредник на Културната рубрика на весникот „Вечер“. Бил директор и главен уредник на Книгоиздателството Детска радост при НИП Нова Македонија. Бил претседател на Советот на СВП. Член на …

Повеќе »

Фијук Саем во Лабораториум

БОШ Фестивал, Партизанска штампа и Гола Планина Колектив ве покануваат на ФИЈУК САЕМ, денес со почеток од 17:00 часот во културниот центар Лабораториум во Скопје. ФИЈУК САЕМ е настан за промоција на независно издаваштво инициран од колективот Матријаршија во Белград, со цел да собере на едно место што поголем број …

Повеќе »

Сеќавање: На денешен ден почина последниот македонски зограф Димитар Андонов Папрадишки

Димитар Андонов Папрадишки е роден во 1859 годин во мијачкото село Папрадиште во непосредна близина на градот Велес. Тој бил последниот македонски зограф, а воедно и првиот македонски профан (нерелигиозен) сликар кој ги поставил темелите на западното сликарство во земјата. Познат е и како историски сликар и портретист. Бил син …

Повеќе »

Денес роденден слави нашиот композитор и диригент Сони Петровски

Сони Петровски е роден во Сиднеј, Австралија на 4 јануари 1977 година. Тој е композитор, диригент и универзитески професор. Средно музичко училиште завршил во Битола, а дипломирал на одделот по композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Гоце Коларовски. Посетувал семинари кај реномирани композитори во Македонија …

Повеќе »

Костадиновска-Стојчевска: Со 1,8 милиони денари за Вевчанскиот карневал ги зацврстуваме вредностите кои траат

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска беше во работна посета на Општина Вевчани, каде што со градоначалникот Спасе Кочовски потпишаа договор за финансирање на традиционалната манифестација „Вевчански карневал 2024″, еден од најстарите европски и први карневали во државава, зачленет во Светската карневалска федерација. Костадиновска-Стојчевска во изјавата за медиумите нагласи дека …

Повеќе »

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2024 на 12 и 13 јануари 2024 во Националната опера и балет

На 12 и 13 јануари 2024 со почеток во 20.00 часот ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2024. Националната опера и балет го востанови овој концерт во 1995 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас. Традицијата …

Повеќе »

„Види ме“ – интерактивен инклузивен настан утре во Дајмонд Мол

Утре, 4 јануари 2024 година во ТЦ Дајмонд Мол, со почеток од 18 часот ќе се одржи интерактивен инклузивен настан со наслов „Види ме“, во организација на Коалиција Менуваме – Агенда 2030. Програма: 17:30 часот – пристигнување на родителите и децата 18:00 часот – отварање на настанот заедно со распеаниот …

Повеќе »

Денес се сеќаваме на нашиот истакнат композитор и диригент Драган Ѓаконовски-Шпато, кој почина на денешен ден во 1987 година

Драган Ѓаконовски-Шпато е роден во Скопје на 11 март 1931 година. Тој е истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер. Важи за зачетник на македонската забавна музика. Како автор на бројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна музика и џез, почнувајќи од првите повоени години. Бројни генерации се сеќаваат на …

Повеќе »

Сеќавање: На денешен ден беше родена нашата оперска пејачка Данка Фирфова

Данка Ристова Северова Фирфова е родена во Велес на 2 јануари 1918 година. Таа беше позната македонска оперска пејачка – сопран, првенка на Операта на МНТ. Фирфова била сопруга на музичкиот деец Живко Фирфов, додека нејзин син бил Милан Фирфов, виден македонски пијанист и оперски певец. Фирфова учела пеење во …

Повеќе »