„Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис со светски познатиот виолинист Марио Хосен

Во петок на 12 април 2024 година, во Големата сала на Македонската филхармонија, со почеток во 20:00 часот ќе може да уживате во магична вечер со светски познатиот виолинист Марио Хосен на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис.

Бидете дел од премиерното осветлување на сцената на Македонската филхармонија со сјајот на илјадниците свеќи под името „Candlelight“! Дозволете амбиентот да ве понесе, бидејќи виртуозниот Хосен, заедно со камерниот оркестар Профундис, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе ви претстават уникатна програма на светски ремек-дела.


Програма на концертот:

Vivaldi – Four Seasons
N. Paganini – I Palpiti
G. Holst – St. Paul Suite
F. Glass – Travelling Dreams


Марио Хосен, познат по својата неспоредлива виртуозност и волшебно сценско присуство, ги краси престижните сцени ширум светот заедно со врвните оркестри, вклучувајќи ги Лондонската филхармонија, Виенскиот симфониски оркестар и многу други. Со голема страст за светското музичко наследство, стручноста на Марио се фокусира на Николо Паганини, правејќи го како еден од најистакнатите толкувачи и авторитети за изведување на музиката на Паганини.

Влезниците за ова премиерно концертно доживување се достапни преку продажната мрежа на МК Тикетс, на следниот линк: https://bit.ly/candlelight-mk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на „Мојра“ – џез на кирилица

Вечерва во рамките на фестивалот за литература и општа култура Видик, со почеток во 21:00 …