Бутел овој викенд ќе биде епицентарот на добра забава од македонската сцена

 

Општина Бутел на локалните жители и гостите од другите краишта ќе им понуди одличен музичко-забавен настан – „НАШ БУТЕЛ“. Настанот е замислен како дводневен фестивал на 27 и 28 октомври и на истиот ќе настапат најактуелните македонски музички изведувачи.


На 27 октомври ќе може да се забавувате во одличното стенд ап шоу на Бојан Велевски, да уживате во музиката на Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски и Влатко Лозановски – Лозано. На 28 октомври за забавата ќе настапат Таско, Пајак и ДНК.

Настаните ќе се одржуваат на големиот паркинг кај паркот “Олимписки сон”, веднаш до ООУ “Св.Климент Охридски” во населбата Бутел 2, а ќе започнуваат во 20:00 часот и ќе траат до 1 часот по полноќ.


„Нашата општина веќе две години работи на планот за урбанизација на Бутел, културата е дел од овој план и преку овој фестивал сакаме на жителите да им овозможиме модерен и културен настан на Бутелчани“ изјави градоначалникот на Општина Бутел – Дарко Костовски

Влезот на овој дводневен фестивал е бесплатен, а со овој настан Општина Бутел сака да им овозможи урбана и културна забава на своите жители со најдоброто од македонската музика.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Хармонија“ концерт на македонската филхармонија со маестро Мануел Хернандез – Силва и солистот Драган Ѓорѓевиќ

Во четврток, на 22 февруари 2024 година, во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, …