„Бурата“ на Димитар Андоновски доби видео запис

Македонскиот пејач, композитор и продуцент Димитар Андоновски го претставува спотот за својата песна „Бура“, која за прв пат беше изведена на овогодинешниот Макфест. Денес, песната ја доживува својата долгоочекувана видео премиера, која ќе биде објавена на неговиот официјален YouTube канал: Dimitarofficial.

„Бура“ е песна што го отсликува внатрешниот свет на емоции, борби и турбуленции, инспирирани од лични искуства. Комплетното авторство – музиката, текстот, аранжманот и продукцијата – е дело на самиот Димитар, кој со оваа песна уште еднаш ја докажува својата уметничка автентичност.


„Оваа песна е одраз на внатрешните битки кои сите ги доживуваме. „Бура“ ја доловува силата на емоциите и внатрешните турбуленции кои сите ги чувствуваме во одредени моменти – изјавува Димитар.

Спотот е реализиран со поддршка на продукциската куќа 77 Ентертејнмент, во режија на Владислав Гавриловски, со модерен визуелен пристап и впечатлива естетика. Моделот Матеја Христовска внесе суптилна емоционалност во приказната, додека стајлингот на Андреј Папаз ја истакна уникатноста на проектот.


Песната „Бура“ е достапна на сите дигитални платформи, овозможувајќи ѝ на публиката да ужива во ова музичко дело. Видео записот е уште еден значаен чекор во музичката кариера на Димитар Андоновски.

 


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СЕ ПРИБЛИЖУВА МЕСЕЦОТ НА ЉУБОВТА: Овие 5 знаци треба да се подготват

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …