БУРА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ ЌЕ ГО ПОГОДИ РЕГИОНОТ: Еве каде ќе започнат обилни врнежи од дожд


Метео прогноза на Славчо Попоски:

Времето во регионот полека ќе започне да се влошува, и тоа поради влијанието на длабокиот циклонски систем кој слободно може да се нарече ураган и кој е со центар над северозападна Европа.


Веќе од утре во Црна Гора, Босна и Херцеговина а потоа и во соседна Албанија ќе започнат врнежи од дожд и ќе бидат многу обилни особено за време на викендот, кога на планините ќе врне снег и локално се очекува формирање на снежна покривка од над 30 сантиметри.

Во овие три држави локално ќе наврне големо количество на врнежи (а можно е дури да наврне и месечно количество на дожд за два дена, па и повеќе од тоа) локално над 100/150 литри дожд на метар квадратен, што е премногу за релативно краток период, па токму поради ова можни се и локални поплавувања.


Сето ова ќе биде проследено и со олуен јужен и југозападен ветер со удари понекаде и од над 85 км/час.

Овој циклон овој викенд ќе влијае на времето и во Македонија, со што ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со засилен јужен и југоисточен ветер. Сепак кај нас не постојат услови за поплавувања, но ќе ја почувствуваме поголемата промена на времето која ј најавивме.


Што се однесува до температури тие и понатаму кај нас остануваат натпросечно високи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ОТКРИЕНА ТАЈНАТА КАКО СЛАВНИТЕ СИМНУВААТ КИЛОГРАМИ КАКО НА ШЕГА: Сите најголеми ѕвезди користат ОЗЕМПИК но никој не знае дали е опасен?

Оземпик е лек против дијабетес кој стана сојузник број 1 на Холивуд за слабеење. Решивме …