Секој почеток е нов предизвик, секој концерт возбудлива авантура која не смее да се пропушти. Ви го најавуваме стартот на сезоната 2023/2024 во Филхармонија.
Новата концертна сезона на оркестарот на Македонска филхармонија започнува на 5 октомври во 20:00 часот, а како солист ќе настапи Барнабаш Келемен, унгарски виолинист со виртуозна техника и автентичен и динамичен изведувачки стил.
Диригент е харизматичниот Бенџамин Шварц, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар од Бела Барток и фрагменти од балетот “Ромео и Јулија” од Сергеј Прокофјев.
Повелете на отворањето на новата сезона и бидете дел од настаните во Македонската Филхармонија.