Бред Пит има ПОРЕМЕТУВАЊЕ поради кое ЛУЃЕТО ГО МРАЗАТ! „Ми велат дека сум СЕБИЧЕН и вообразен, но не знаат со што се борам“


– Бред Пит открил дека пати од ретко пореметување
– Околината нема разбирање за тој проблем
Можеби изгледа дека неговиот живот е идиличен, но вистината е сосема поинаква. Бред Пит се соочува со сериозно пореметување кое му го отежнува секојдневието.
Бред Пит открил дека ова нарушување му го отежнува социјализирањето поради начинот на кој луѓето реагираат на проблемот.
„Толку многу луѓе ме мразат затоа што мислат дека не ги почитувам. Често ми велат дека сум егоист и вообразен. Но, тоа е мистерија за мене. Не можам да препознавам лица”, изјавил Бред Пит за Esquire.


Многумина не веруваат дека тој пати од пореметувањето, туку веруваат дека ги избегнува кога ќе ги сретне и „глуми дека не ги препознава“.
Актерот напоменал дека се обидел да го реши проблемот прашувајќи: од каде се познаваме, но тоа не било од помош. „Само се влоши. Луѓето беа уште повеќе навредени“, нагласил тој и додал дека не сака да го гледаат како вообразена ѕвезда.

Нарушувањето со кое се бори актерот се нарекува просопагнозија. Лицата со оваа состојба не можат да разликуваат дали претходно виделе лице или не и која е личноста со која се среќаваат, а во најтешкиот случај не го препознаваат ниту своето лице во огледало.
Досегашните истражувања не ветуваат дека на повидок е трајно решение, но може да помогнат следните критериуми за препознавање луѓе: висина, конституција, облека, накит или глас.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Инцидент на фестивалот – Дензел Вашингтон „полудел“ на црвениот тепих во Кан, му се внел во лице на фотографот и му се развикал

Дензел Вашингтон имал жестока расправија со еден фотограф на Канскиот филмски фестивал во 2025 година, …