Браво бенд ја пуштија и српската верзија од новата песна: Слушнете ја „Да љубим”


Ветено – сторено! Речиси неполна недела по промоцијата на нумерата „Те љубам”, момците од Браво бенд во етерот ја пуштија и српската верзија насловена „Да љубим”.

Авторскиот тим на двете верзии е комплетно ист, односно Весна Малинова, е автор и на музиката и текстот, додека аранжманот на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и Милан Мијаловиќ. Видеото, пак, е работено со веќе проверениот соработник на Браво бенд, Ѓорѓи Вацев, додека кадрите се снимени на локации во Битола и на Пелистер.


Инаку, „Да љубим” е веќе трета песна снимена за пазарот во соседството и доаѓа по одличните „Катаклизма” и „Љубав преко мреже”.

Приказната на Браво бенд не завршува тука, веќе се работи на новите музички проекти, кои ќе следуваат во периодот пред нас. Во меѓувреме слушнете ја и српската верзија:


, а ако сѐ уште не сте ја чуле македонската еве одлична можност: Bravo Band – Te Ljubam / Те љубам (Official Video 2025)


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“ со Адам Сендлер и Џорџ Клуни, пристигнува на 5 декември

Еден од најочекуваните филмови оваа година, „Jay Kelly“, го обединува она што ретко го гледаме …