Холивудскиот режисер Брајан де Палма рекол дека пишува сценарио за филм заснован на прикзаната за скандалот со американскиот продуцент Харви Вајнштајн.
Де Палма за АФП рекол дека внимателно ги следи информациите во врска со тој случај.
Вајнштајн е обвинет за силување и сексуално злоставување, откако минатата недела и се предал на полицијата во Њујорк.
Неговиот адвокат рекол дека продуцентот ги негира сите обвинувања.
Де Палма рекол дека знае многу луѓе кои се вклучени во таа афера и дека во текот на годината слушнал многу приказни.
„Режисерите треба да ја освојат довербата на глумците и нивната љубов, и тоа да се злоупотреби на било кој начин за мене е нешто најлошо што некој би можел да направи, и тоа само поради алчност“ рекол де Палма.
Сценариото, како што објаснил режисерот, ќе има за цел борба против злоупотребата во филмската индустрија „иако главниот лик во филмот нема да се вика Харви Вајнштан“.
„Ова е хорор филм со сексуален напаѓач, и приказната ќе се одвива во сферата на филсмката индустрија“ додал Брајн де Палма.
Брајан де Палма, за случајот Вајнштајн, подготвува хорор филм
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.