Бизнисот на задоволството патува за Уругвај

Политичкиот трилер на Гоце Цветановски влезе во официјалната селекција на 17-тото издание на фестивалот Сине дел Мар во Пунта дел Есте, Уругвај. Филмот ќе биде прикажан пред уругвајската публика во ударен термин, в петок 12 јули во 20 часот.

После Аргентина, Панама, Перу, Венецуела и Боливија, ова е шеста номинација на Бизнисот на задоволството во Латинска Америка. Инаку филмот се закити со награди за најдобар филм во Панама и Перу.


Бизнисот на задоволството ја обработува темата на трговија со жени, и есенва се очекува да биде прикажан во македонските кина. Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а финансиран е од Агенцијата за филм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најдете рамнотежа – Одредена храна може да предизвика забрзано стареење, намалете го внесот на овие намирници

Храната што ја консумираме секојдневно игра важна улога во нашето тело, а некои од нив …