Битолски Камерен Оркестар одржа незаборавен музички спектакл синоќа во Арена Борис Трајковски во Скопје.
Концертот беше вистински времеплов што ги врати присутните во златната ера на музиката. Со над 100 учесници на сцената, вклучувајќи оркестар, хор, балетски играчи и врвни пејачи, настанот понуди четиричасовен аудио-визуелен спектакл што ја разбуди носталгијата и ја потврди моќта на музиката да обединува генерации.
Првиот дел понуди свежи аранжмани на безвременските хитови од 80-тите и 90-тите години, изведени од Камерниот оркестар на Битола во соработка со поп-рок хорот Битвокс, балетски играчи и солисти. Публиката уживаше во изведбите на песни од легендарни изведувачи како Тина Тарнер, Рики Мартин, Бритни Спијрс и други.
Ги слушнавме: Shine (Ashwad), Gansta’s Paradise, Under pressure, Dance with somebody, Sweet child of mine, The Final Countdown (Europe), Simply the Best (Tina Turner), Livin’ la Vida Loca (Ricky Martin), Baby One More Time (Britney Spears) and more. Овие хитови беа изведени од Битолскиот Камерен Оркестар ⋮IWConnect , заедно со фантастичните солисти: Андријана Јаневска, Наде Талевска, Викторија Лоба, Јана Бурческа, Полина Тасева, Лара Иванова, Ана Петановска, Кристина Жежкова, Јасна Димитровска, Горан Наумовски, Огнен Димовски, Мила Николовска и Теодора Матеска. Исто така ќе настапи и поп-рок хорот БИТВОКС.
По 15-минутна пауза следеше Schiller со Битолски Камерен Оркестар. Во вториот дел, германскиот артист Schiller, познат по својата електронска музика, настапи заедно со Камерниот оркестар на Битола, создавајќи уникатна фузија на електронски звуци и оркестарски аранжмани. Овој дел од концертот беше доживеан како извонредна журка што ја воодушеви публиката.
„MTV The Greatest Hits Stars Symphony“ беше повеќе од концерт, тоа беше културен настан што ги спои минатото и сегашноста, класиката и модерното, во едно незаборавно искуство. Камерниот оркестар на Битола уште еднаш покажа дека е способен да создаде настани од светски ранг, кои ја збогатуваат македонската културна сцена.
Дел од средствата беа донирани на семејствата на настраданите во Кочани.