Настанот кој е посветен на занаетчиското производство на пиво што во нашата држава се развива веќе една деценија. Овој настан има и значајна симболика. Имено, првата пиварница во Македонија е отворена во Битола, во 1890 година во месноста Буковски лозја покрај реката Драгор.
Занаетчиските (крафт) пива глобално имаат долга традиција, додека кај нас се новина. Станува збор за исклучително квалитетни пијалоци. Дополнително, сите нив ги спојуваат прилично иновативни дизајни на етикети, имиња и амбалажи, неколку стилови на музика и применета уметност. Етикетите дури се споредуваат со уметноста на музичките албуми и омотите на книги, каде уметниците и дизајнерите историски дивееле експериментирајќи со нови стилови. Доброто пиво, ќе биде надополнето и со добрата музика на Агим Џело, Мемфис Мафија и Паркети.
Затоа, во четврток на 05 септември 2024 година бидете на „Бирарија“ – фестивал на урбаниот живот и култура. Фестивалот кој е во организација на Слоу Фуд Битола, ќе се одржи на пешачката зона пред Пионерски дом во Битола со почеток во 19:00 часот.
Музичка програма:
19.00 – ДЏ сет на Агим Џело
21.00 – Мемфис Мафија
22.45 – Паркети
Настанот финансиски е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку делот за локални манифестации во рамки на програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2024. Техничка поддршка настанот доби и од општина Битола.
Цена на карти 200 денари. За членови 150 денари на влез. Карти онлајн на МК Тикетс https://mktickets.mk/event/birarija/