#Бидете одговорни – Останете дома – КОРОНА ВИРУСОТ НЕ БИРА – Таа е најмлада жртва во Франција:Нацијата тагува по Жили (16) – девојчето немало никакви здравствени проблеми!

Нејзината мајка Сабин вели дека на почетокот изгледало како таа да има само кашлица, која се обиделе да ја излечат со сируп и инфалација…
Смртта на 16-годишно девојче по име Жули, од областа Есон во парискиот регион, досега најмладата жртва на корона вирусот во Франција, ја потресе целата земја.
Нејзината мајка Сабин рекла дека на почетокот изгледало како да има кашлица, која се обидече да ја излечат со сируп и инхалација. Една недела подоцна, дошло до влошување, проследено со уште два теста, кои, како што истакнува нејзината мајка, биле негативни!
Дури и болничкиот персонал ги симнал специјалните блузи и нејзината мајка дошла да ја посети. И тогаш се случил шок: дополнително пристигнал наод од првата болница, кој сепак покажал дека е заразена со корона вирус! Ноќта помеѓу вторникот и средата, таа починала.
Нов шок за родителите следел кога дознале дека нема да можат да ги однесат работите на починато дете. Целата облека и предмети мора да бидат изгорени. Според првичните информации, Жули немала други здравствени проблеми. Покажано е дека случаите на млади луѓе кои страдаат од овој вирус се исклучително ретки.

Екран.мк


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ НАУТ: Го забавуваат стареењето и се совршени за слабеење

Ви ги пренесуваме сите здравствени придобивки од наутот и како на најдобар начин да го …