Бесплатен влез за пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане за годинашниов фестивал „Денови на комедија 2024“

Националната установа центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово ќе им овозможи на пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане бесплатен влез за фестивалот „Денови на комедија 2024“, информираа денеска надлежните од центарот.

Како институција одлучивме да доделиме бесплатни билети за сите театарски претстави кои ќе бидат дел од годинашново издание на Меѓународниот фестивал Денови на комедија 2024 во Куманово. Како наш мал придонес и гест кој се надеваме дека ќе биде прифатен од луѓето кои деновиве секојдневно се борат со пожарите кои ја зафатија Македонија.


Оваа година учество ќе земат театрите од Македонија и гостите од Бугарија и Србија.

Билетите ќе може да се подигнат пред почетокот на Фестивалот во втората половина на месец септември или ќе им бидат доставени на пожарникарите во Куманово и Старо Нагоричане.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Не пуштила солза кога умрела Дијана, но тоа го направила во овие 2 ситуации: Зошто тогаш светот ја видел Елизабета како плаче?

Никој не можел да види солзи на лицето на кралицата, освен во овие две ситуации. …