Беше НАЈФАТАЛНАТА ЖЕНА на 90-тите и јавно тврдеше дека половиот чин со неа е „НАЈТЕШКАТА РАБОТА“: Синоќа се појави во ЦРВЕНА МРЕЖА и не остарела ниту ден – има 52 години, но ГРМИ!


Пејачката Кети Пери одржала гала прослава за промоцијата на нејзиниот нов албум, а на забавата во Западен Холивуд се појавиле огромен број членови на американскиот џет-сет. Една од званиците била и Кармен Елетра, секс симбол на 90-тите и ѕвезда на некогашната хиперпопуларна серија „Чувари на плажата“.

Кармен Електра на забавата пристигнала во многу заводлива, иако по малку кич облека, но актерката отсекогаш била љубител на фустани и комбинезони кои ги истакнуваат женските атрибути и се во духот на сцената.


Таа избрала мрежест, проѕирен комбинезон во црвена боја прошаран со светки, а над него облекла ултракраток сатенски фустан кој бил толку високо исечен од едната страна што дури и откривал дел од задникот. Актерката која се прослави во серијата „Чувари на плажата“, изданието го заокружила со сребрени сандали со високи потпетици. Храбрата, смела шминка и високото опавче со надградба на коса го заокружиле ова вамп издание.


Кармен во април годинава го прослави својот 52 роденден, но сепак изгледа феноменално и исто толку привлечно како и на почетокот на кариерата. Иако оваа дама никогаш не била красена со раскошен актерски талент, нејзиниот добар изглед и вроден сексипил ја направија една од најпрепознатливите жени во 90-тите години на минатиот век.


Бурна, страсна љубов на Кармен Електра и Денис Родман, но нивниот брак траеше само 9 дена!
Својата слава ја должи на бурниот љубовен живот, аферите со познатите мажи и турбулентниот однос со поранешниот сопруг Денис Родман, со кој беше во брак само девет дена, верувале или не! Имено, парот разменил завети во 1998 година во капела во Лас Вегас, но Родман набрзо поднел барање за поништување, наведувајќи дека не бил трезен кога се оженил со Кармен.

Познатиот кошаркар ја видел Електра на насловната страница на „Плејбој“, по што се опседнал со неа, и се јавувал со денови додека таа не се согласила да излезе со него. Се’ се претворило во страсна романса, а години подоцна и самиот Родман признал дека имале „неверојатен“ сексуален живот. Од друга страна, актерката еднаш раскажала анегдота која можеби најдобро илустрира колку лудо се забавувал парот во свое време.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „Љубовта е најубава“ – Кој е Џеј Џеј, победник на Евровизија: Квир музичар гордо ја претставува својата заедница

Победата на 69-то издание на Евросонг што се одржа во Базел ја извојува австрискиот музичар …