На филмскиот фестивал во Берлин, Берлиенале 2020, британската актерка Хелен Мирен ќе биде наградена со „Златна мечка“ за животно дело. Во нејзина чест на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Кралицата“, кој е снимен во 2006. година и во него Мирен ја толкува улогата на Кралицата Елизабета II.

Мирен за прв пат играла на филм во 1966. година кога имала 21. година. Оттогаш одиграла значајни и многубројни улоги на филм. Хелен Мирен остварила богата телевизиска и филмска кариера. За своите улоги, таа добила повеќе престижни награди: Во 2007. година ја добила наградата „Оскар“ за главна женска улога во филмот “Кралицата” (The Queen), за оваа награда била номинирана и во 2010. година, за улогата во филмот “Последната станица” (The Last Station). Покрај тоа, двапати била номинирана за наградата “Оскар” во категоријата ‘споредна женска улога’, и тоа: во 1995 година, за улогата во филмот „Лудилото на кралот Џорџ” (The Madness of King George) и во 2002 година, за улогата во филмот „Паркот Госфорд” (Gosford Park).

Хелен Мирен е добитничка на четири награди „БАФТА (BAFTA)”: во 1992, 1993 и 1994 година ја добила телевизиската награда на БАФТА за најдобра актерка, за улогата во „Главниот осомничен” (Prime Suspect), „Главниот осомничен 2” (Prime Suspect 2) и „Главниот осомничен 3” (Prime Suspect 3), додека во 2007. година ја добила филмската награда на БАФТА за најдобра актерка, за улогата во филмот “Кралицата“.