Бен Афлек открива дека неговите деца имаат класични тинејџерски работи: „Постарото дете работи во продавница“


Бен Афлек ги споделува своите размислувања за одбивањето да купи патики од 6.000 долари на својот син Семјуел.
Актерот останува на својата одлука и објаснува дека сака неговите деца да ја научат вредноста на работата. За време на неодамнешното појавување на Today with Jenna & Friends, Афлек фрлил малку светлина врз неговата родителска филозофија, објаснувајќи зошто сака неговите деца да ја научат вредноста на работата, без оглед на неговото богатство.
И покрај неговото богатство, Афлек јасно ставил до знаење дека сака неговите деца да разберат дека материјалните работи не им се даваат само затоа што нивниот татко е богат.

– Ги сакаше тие патики, а јас му реков: “Овие патики се 6.000 долари, што зборуваш? Што ќе правиш, коси трева? Имаш 6.000 долари?”.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Ben Affleck vibes (@ben_affleckvibes)


Афлек, кој има три деца со Џенифер Гарнер, Виолет (19), Фин (16) и Семјуел (13), споделил симпатичен одговор откако неговиот син му кажал дека имаат пари:

– Јас имам пари! Ти си ‘шворц“! – додал актерот на шега, пренесува „Хола“.
Афлек продолжил и објаснил дека неговите постари деца веќе се вработиле со скратено работно време.
– Да, постарите деца имаат работа. Еден штотуку се вработи, класичен тинејџер кој работи во продавница, нема да кажам каде е. Постарото дете е на факултет и работи и се обидува да добие пракса за летото.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Скриените фантазми“ – Ретроспективната изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија и ви го најавува претставувањето на …