„БАРАЈЌИ ЈА ВЕНЕРА“, КОСОВСКО-МАКЕДОНСКА КОПРОДУКЦИЈА ВО НАТПРЕВАР ВО КАТЕГОРИЈАТА ДОЛГОМЕТРАЖЕН ИГРАН ФИЛМ НА TRIESTE FILM FESTIVAL

Продуцентскaта куќа „Аудиохаус“ со големо задоволство Ве информира дека долгометражниот игран филм „Барајќи ја Венера“ во режија на Норика Сефа, снимен во косовско-македонска копродукција, е селектиран и ќе се натпреварува во
категоријата долгометражен игран филм на Интернационалниот филмски фестивал во Трст, Италија.
Филмот кој е дебитанско остварување на режисерката Норика Сефа беше препознаен од македонските продуценти и Агенцијата за филм на РСМ која го поддржа овој проект. Овој дебитански филм на режисерката Сефа, беше сработен и
завршен во потспродукција и неговиот звучен дизајн од продуцентите во „Аудиохаус“ односно Игор Поповски и Дејан Крајчевски. Од косовска страна продуцент е Бесник Крапи, сценариото е на Сефа, додека кинематографер е Луис Армандо Артеага.

This image has an empty alt attribute; its file name is fulm-barajki-ja-venera.jpg
Филмот раскажува приказна за скромната тинејџерка Венера која живее во мало село на Косово. Во нејзиниот дом живеат три генерации, така што таа нема многу приватност. Надвор, на улиците и во кафулето, не е многу подобро: селото е мало и
секогаш има брат, внук или сосед, кој внимава на неа. Од една девојка се очекува пред сè да ја заштити својата добра репутација – и тоа на нејзиното семејство…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Познати личности кои донирале огромни суми за настраданите во пожарот во Лос Анџелес

Додека пожарите сè уште се шират низ округот Лос Анџелес, оставајќи огромни штети по нив, …