Балканската мега ѕвезда и естрадна модна икона Јелена Карлеуша на спектакуларен концерт во Скопје


По спектакуларните белградски концерти, најголемото балканско шоу конечно доаѓа и во Скопје.

Балканската мега ѕвезда, естрадната модна икона, најпровокативната,и највозбудлива пејачка во регионот и пошироко, ултра сексапилната Јелена Карлеуша доаѓа на голем, спектакуларен концерт во Скопје.


Балканската дива со шоу кое за сите останати е недостижно и далеку пред времето, како дел од турнејата „ALPHA & OMEGA“, која ја започнува од македонската престолнина!


Концертниот спектакл од невидени размери, со специјални светлечки и видео ефекти, лед скринови, ласери… и бројни еротски кореографии на атрактивните танчарки кои ја придружуваат на сцената е закажан за 19-ти октомври 2024, сабота,со почеток во 20.00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје, во организација наEvent Groupпродукција.

 Билетите можат да се набават на објавените продажни места низ Македонија, како и на зададените телефонски броеви.


Јелена Карлеуша на концерт во Скопје, аудио-визуелен спектакл кој не смее да се пропушти.

Фото: Event Group

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Црквите и манастирите во Гевгелиско“ – Изложбата на фотографии

На 18 јуни 2025 година (среда), со почеток во 20:00 часот, на перонот на Железничката …