Здружението Вилсон Македонија, со големо задоволство ве покануваме на деветтата по ред хуманитарна манифестација за поддршка на лицата со Вилсонова болест во Македонија, денес во Градскиот Парк во Скопје – Лепеза, со почеток во 11:00 часот. Целта на оваа акција е да ја подигнеме свеста на јавноста за Вилсоновата болест, …
Повеќе »Сеќавање: Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец што се искачи на Монт Еверест денес ќе го прославеше својот 71 роденден
Димитар Илиевски – Мурато е роден во Битола на 29 септември 1953 година, а загинува на 10 мај 1989 година во Непал. Тој е македонски алпинист, познат како првиот Македонец што ја има освоено највисоката планина во светот Монт Еверест. Се искачил на 10 мај 1989 година, по што не …
Повеќе »Еднодневна работилница за Хаига со поетесата Елена Пренџова и уметницата Лара Ташковска
Денес од 18-20 часот, ќе имате можност да учествувате на првата работилница за Хаига со поетесата Елена Пренџова и уметницата Лара Ташковска. Хаига (俳画, хаикаи што значи цртеж) е стил на јапонско сликање што ја вклучува естетиката на хаикаи. Хаигите обично се насликани од хаику поети (хаиџин) и често придружени …
Повеќе »„РЕ-култура“ – Нов градски фестивал посветен од заедницата за заедницата
РЕ-култура бидејќи со овој настан пробуваме да ја РЕанимираме заедница и сите заедно да креираме настани, културни случувања, да издаваме книги, музика и притоа сите заедно да го правиме сето тоа. РЕ-култура бидејќи со овој настан РЕциклираме стари книги и им даваме втора шанса, втор живот во некоја втора (или …
Повеќе »Претставата „Галеб“ вечерва на репертоарот на Народен Театар Битола
Во Народниот Театар Битола, вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Галеб“, драмата посветена на љубовта, страдањето и неисполнетите соништа. Автор: А.П.Чехов Режија : Багрјана Поповa Улоги: Јулијана Мирчевска Илија Волчевски Огнен Дранговски Катерина Аневска- Дранговска Васко Мавровски Соња Ошавкова Леонида Гулевска Александар Димитровски Живко Борисовски …
Повеќе »Џем Сешн со Џијан Емин
Во рамките на фестивалот КомшиLOOK, денес со почеток во 18:00 часот на улицата „Волт Дизни“ во населбата Шуто Оризари, ќе се одржи џем сешн со еден од водечките современи музичари во Македонија Џијан Емин. КомшиLOOK е социјален мултидимедијален фестивал кој се стреми да негува заедница каде што да се биде …
Повеќе »Вечерва во Драмскиот Театар ќе биде изведена претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“
Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Чудна случка со кучето во ноќта“. Автор: Сајмон Стивенс (според романот на Марк Хадон) Режија: Зоја Бузалковска Превод: Благоја Бошковски Буцко Драматург: Александра Бошковска Сценограф: Константин Трпеноски 3D Mapping видео дизајн: Osama Almughanni Костимограф: …
Повеќе »Претставата „Лагата“ гостува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во Македонија“
Македонскиот народен театар на 28 септември 2024 година ќе учествува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во Македонија“, што се одржува во Дебар. Со особена чест ја прифативме поканата за учество на фестивалот, со претставата „Лагата“, од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а во која играат: Јордан Симонов, …
Повеќе »Сеќавање: 30 години без нашиот уметник, академик и еден од основоположниците на македонската современа уметност Вангел Коџоман
Вангел Коџоман е роден на 14 февруари 1904 година во Струга. Тој беше македонски ликовен уметник, академик и еден од основоположниците на македонската современа уметност. Се школувал во Охрид каде во 1923/24 година матурирал во Охридската гимназија. Од 1924 до 1928 година го завршил наставниот оддел на Уметничката школа во …
Повеќе »