Bojan

Изложба на слики од Mеѓународната ликовна колонија “Св. Јоаким Осоговски” 2023

На 29 ноември 2023 година (среда) во 12 часот, во изложбениот салон Галерија 22 при Центарот за култура Ацо Шопов – Штип, ќе биде отворена изложбата на слики од 37. издание на Mеѓународната ликовна колонија “Св. Јоаким Осоговски” 2023 година. На изложбата се застапени триесетина дела работени од автори од …

Повеќе »

Сеќавање на академикот Блаже Ристовски, кој почина на денешен ден во 2018 година

Блаже Ристовски бил роден во Гарниково, Кавадаречко на 21 март 1931 година. Истакнат македонски книжевен историчар, филолог, фолклорист и историчар. Во првата Влада на Република Македонија од 1991 година Ристовски е избран за потпретседател. Тој е уредник на првата „Македонска енциклопедија“ во издание на МАНУ. Ристовски потекнува од македонско патриотско …

Повеќе »

На денешен ден е роден нашиот познат актер Сашко Коцев

Сашко Коцев е роден на 28 ноември 1981 година во Куманово. Тој е еден од најпознатите македонски театарски, филмски и телевизиски глумци, стендап комичар и водител. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин, …

Повеќе »

Премиера на претставата „Пикник на фронтот“ утревечер во Драмски Театар Скопје

Утревечер, 28 ноември 2023 година, во Драмскиот татар во Скопје, со почеток од 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Пикник на фронтот“. Автор: Фернандо Арабал Режија: Андреј Цветановски Сценографија: Сергеј Светозарев Костимографија: Раде Василев Композитор: Димитар Андоновски Улоги:Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Филип Трајковиќ, Дамјан Цветановски, Стефан Вујисиќ, Соња Стамболџиоска …

Повеќе »

Хуманитарен настан за Петар

Во среда, 29 ноември 2023 година, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ќе се одржи хуманитарен настан за Петар. Во организација на Црвен крст Охрид, со помош и поддршка од страна на Никола Тодороски, е организиран хуманитарен настан со цел собирање на …

Повеќе »

Денес во МКЦ – Премиера на перформансот „Мачката Елеонора“

Денес, во МКЦ клуб, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведен перформансот „Мачката Елеонора“ по монодрамата на Карен Јес, со авторски текстови од колективот и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи. Премиерата на перформансот е дел од изведувачката програма на Фестивалот за феминистичка култура …

Повеќе »

Работилница за движење и танц „Раздвижени тела“ со Симона Спировска

Денес, во КСП Центар – Јадро, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи работилницата за движење и танц со Симона Спировска, со наслов „Раздвижени тела“. Серијата Култренинг работилници се организирани во соработка со локални и поканети регионални и меѓународни кореографи и танцови уметници, во различни простори во градот. Работилниците …

Повеќе »

На денешен ден пред 5 години не напушти најголемиот македонски драматург Горан Стефановски

Горан Стефановски бил роден во Битола на 27 април 1952 година. Тој е еден од најголемите македонски драмски писатели, кој зазема значајно место во современата македонска книжевност и се смета за најистакнат македонски драматург во периодот по Војдан Чернодрински. Во Битола неговите родители работеле во Народниот театар. Неговиот татко, Мирко, …

Повеќе »

Среќен роденден Владо Јаневски !!!

Владо Јаневски е роден на 27 ноември 1960 во Скопје. Тој е еден од најпознатите македонски поп-пејачи и композитори. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, …

Повеќе »