Вечерва, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во рамките на неделата на полски филм, ќе биде прикажан филмот „Осамена жена“. ОСАМЕНА ЖЕНА на Агњешка Холанд од 1981 година нуди суров и непретенциозен поглед на животот во последните децении од комунистичката Полска Народна Република: километарски редици за продавници, …
Повеќе »Општина Центар распиша јавен повик за манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“, по повод Меѓународниот ден на семејството
Во срцето на Центар, повторно ќе се ужива во вкусовите на Македонија и Европа. Општина Центар распиша јавен повик за манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“, по повод Меѓународниот ден на семејството. И годинава не очекува богата дегустација на европски и македонски специјалитети, многу дружење и културна размена во …
Повеќе »Изложба за животот и делото на Али Фети Окјар, еден од најзначајните државници и дипломати на модерна Турција, во КИЦ во Истанбул
Во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул завчера беше отворена биографската изложба посветена на животот и делото на Али Фети Окјар – еден од најзначајните државници и дипломати во раната историја на модерна Турција и близок соработник на таткото на модерна Турција, Мустафа Ќемал Ататурк. Изложбата, што се реализира во соработка …
Повеќе »Три златни медали за мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола на меѓународен хорски натпревар во Бјелина
Mешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола освои три златни медали на меѓународниот хорски натпревар во Бјелина, Босна и Херцеговина, што се одржуваше од 9 до 12 мај. Ова е првпат во својата 80-годишна традиција, хорот да освои три награди во две различни категории, во конкуренција со хорови од …
Повеќе »Македонскиот краток филм „Избор“ триумфира на меѓународната сцена
Македонскиот краток филм „Избор“ триумфира на меѓународната сцена. Во режија на Марко Црногорски и продукција на Дарма Филм, филмот ја освои наградата за најдобар краткометражен филм на престижниот SEEfest во Лос Анџелес. Филмот веќе беше прикажан на светската премиера во Паленсија (Шпанија), како и на два Oscar qualifying фестивали – …
Повеќе »Денес роденден прославува нашиот маратонски пливач и трикратен светски првак во маратонско пливање Евгениј Поп Ацев
Евгениј Поп Ацев е роден на 14 мај 1988 година. Тој e македонски маратонски пливач, трикратен светски првак во маратонско пливање за 2015, 2017 и 2019 година. По професија е доктор по стоматологија. Во сезоната 2013, Поп Ацев бил второпласиран на конечната табела на гран-при серијата најдолги светски маратони на …
Повеќе »Поетско-музички перформанс на стихови од Тихомир Јанчовски со музика компонирана од Зоран Тортевски
Во среда, на 14 мај 2025 година, во Public Room, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да го погледнете поетско-музичкиот перформанс на стихови од Тихомир Јанчовски со музика компонирана од Зоран Тортевски. Стиховите се од последните две поетски книги на Јанчовски „Пристоен предлог“ и „Пеколот е мало место“, …
Повеќе »Денови на култура во општина Илинден 2025
Општина Илинден на 13, 14 и 15 мај 2025 година, ќе ги реализира традиционалните Денови на културата, во чии рамки во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи 26-та Литературна манифестација „Илинден 2025“, со поддршка на Министерството за култура и туризам, а во соработка со Друштвото на писателите на Македонија. …
Повеќе »„Сѐ, во својата пролет“ – Изложба на Мартина Рмуш
Во КСП Центар -Јадро, вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена осмата изложба на Мартина Рмуш. Рмуш Мартина е креативец кој најчесто создава freestyle апстрактна уметност со вибрантни бои и форми. До сега има седум изложби, повеќето во Скопје, една во Охрид и една меѓународна – во Севиља, …
Повеќе »