АРТИСТИКО-Скопје го најавува 6-от Меѓународен фестивал за кларинети “КЛАРИФЕСТ-Скопје 2024”

Здружението за култура и уметност АРТИСТИКО-Скопје го најавува 6-от Меѓународен фестивал за кларинети “КЛАРИФЕСТ-Скопје 2024”, кој ќе се одржи од 5 до 7 април.

Фестивалот ќе се состои од семинари, презентации и концерти за кларинет, а како гости оваа година ќе имаме реномирани професори и интернационални солисти на кларинет Барбара Борович од Полска (професор на Музичката академија во Краков) и Весли Фереира од САД (професор на Факултетот за музика, театар и танц на Државниот универзитет во Колорадо).


Фестивалот ќе биде отворен вечерва со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во државата, а ќе се одржи во КИЦ-Скопје (Салон 19.19) со почеток во 20:00ч.

Ќе следат дводневни семинари за кларинет и презентација на кларинети од брендот Селмер-Париз.


Свеченото затварање на фестивалот ќе биде со камерен концерт на кој ќе настапат гостите солисти Барбара Борович – кларинет (Полска) во пијано придружба на македонската пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска и Дуото ЖАКА од САД во состав Весли Фереира – кларинет и Џексон Вилиамс – гитара. Kонцертot ќе се одржи во недела на 7ти април, во Музејот на македонската борба со почеток во 20ч.

Влезот и за двата концерти ќе биде слободен.


Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, а би сакале да ги споменеме и партнерите и поддржувачите на истиот, а тоа се Амбасадата на Република Полска, ЖАКА мјузик, Селмер – Париз, СН Осигурителен брокер и др.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Аеродром викендов пулсираше во Џевахир Мол Скопје

Населба Аеродром изминатиот викенд пулсираше во ритамот на музиката, а Џевахир Мол Скопје повторно беше …