Арсовска: Стратешкото партнерство со САД се надградува со зголемена соработка на лидерите на градовите на билатерално ниво

Градот Скопје има можност да учествува во целосно финансирана едногодишна програма за градење на капацитетите на покана на Универзитетот Харвард.

Градоначалничката Арсовска во 3 дневната посета на САД оствари средба со градоначалничката на Бостон Мишел Ву, со која дискутираше за предизвиците со кои градовите се соочуваат и решенија со кои истите можат да се надминат. Мишел Ву која истакнува дека најголемите предизвици можат да се надминат преку градење на заедништво, е исто како и Арсовска во Скопје, прва избрана жена градоначалник на Бостон.


“Ми беше чест да го претставувам градот Скопје на иницијативата која во САД обединува градоначалници кои можат билатерално да понудат поддршка и да разменат искуства и знаења. При сите заеднички предизвици со кои се соочуваат градовите, ова е единствена платформа наменета за градоначалници, каде се градат капацитетите за поуспешно справување со секојдневните проблеми, се разменуваат идеи, учат едни од други и си помагаат под исклучително менторство на Универзитетот Харвард.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Препознајте ги – Дали сте создадени еден за друг? Овие знаци покажуваат дали сте компатибилни со партнерот!

Компатибилноста е еден од темелите на секоја успешна врска. Тоа се однесува на компатибилноста на …