„Архиви на пријателство – поетики на отпорот“ – изложба во КСП Ценар Јадро

Кооператива – Регионална платформа за култура, Ве поканува на отворањето на изложбата „Архиви на пријателство – поетики на отпорот“ кое ќе се одржи денес во 18:00 часот, во просториите на КСП Центар-Јадро.

Главната мотивација зад оваа скромна рефлексија на работата на Кооператива и нејзините членови е да се создаде можна мапа на поврзувања преку споделени искуства, заедничка работа и продукција во рамките на независната културна сцена. Размислувавме кои патеки и знаци, покрај главниот пат, создаваат можности за нови перспективи за различните значења на слободата, демократијата и автономните зони. Без да тврдиме дека создаваме стабилен историски наратив, со придонеси и размислувања од организации-членки, уметници и соработници кои активно не менуваат преку нивната работа, составивме можен колаж од искуства обликувани од взаемни влијанија. Преку размена со голем број соработници, доживувајќи фрустрација, возбуда, незадоволство, разочарување и радост, се впуштивме во потфат на размислување со неизвесен исход. Движењето на Кооператива, и сите ние што се обединуваме во него, не е линеарно, туку диктирано од општата општествена динамика. Работиме и постоиме нелинеарно, без ред и редослед, набрзина. Организиран хаос, прекини, лабораториска структура – тоа е нашиот контекст во кој сè уште размислуваме за алтернативи.


Концепт и куратори на изложбата: Искра Гешоска и Милица Пекиќ
Дизајн на изложба: Дејан Драгосавац – Рута
Продуценти и соработници: Дејан Кошќак, Тијана Ана Спасовска и Ена Грабар

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРОБАЈТЕ И ВИЕ – Страдате од несоница? Ова се трикови кои ќе ви помогнат побрзо да заспиете

Несоницата е проблем кој погодува многу луѓе ширум светот. Долгорочните проблеми со спиењето можат негативно …