Антонио Молошоски по четврти пат татко: Повеќе деца, повеќе среќа!

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по четврти пат ќе стане татко. Тој и сопругата Симона чекаат ќерка. Пред две недели, пратеникот ги почестил со благо своите колеги пратеници во Собранието, заради радосната вест и бременоста на неговата сопруга Симона.
Антонио Милошоски за „Репортер“ потврдил дека по четврти пат ќе стане татко.
„Да, вистина е. Дома многу се радуваме што ни се случи посакуваната бременост. Давид, Дариа и Михаела ќе добијат уште една сестричка. Повеќе деца, повеќе среќа“, рекол Милошоски.
Синот Давид има 10 години, помалечката сестра Дариа 2. години, а засега најмалечката, Михаела има 9. месеци. Третата ќерка Антонио и Симона ја очекуваат околу Нова година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмскиот театар ќе биде изведена претставата „Кафез кај кокони“

Вечерва на сцената на Драмскиот театар во Скопје со почеток во 20:00 часот, ќе биде …