Бидејќи Меркел има над 60. години, таа е во возрасната група која ја прима вакцината АстраЗенека.
Германската канцеларка Ангела Меркел во петок (денес) ќе ја прими првата вакцина против коронавирус, објави германскиот весник Welt..
Меркел ќе ја прими вакцината АстраЗенека, објави весникот, без да наведе конкретен извор.
Бидејќи Меркел има над 60. години, таа е во возрасната група која ја прима вакцината АстраЗенека. Оваа вакцина е забранета за лица на возраст под 60. години, освен ако не е препорачано специјално од лекар за одреден пациент.
Оваа недела портпаролот на германската влада Штефен Зајберт изјави дека Меркел „наскоро“ ќе ја прими првата доза на вакцината.
Германија се соочува со трет бран на пандемија на коронавируси, кој Меркел го опиша како „можеби најтежок“ до сега.
Како и во многу други земји, за употребата на вакцината АстраЗенека многу се дискутира и во Германија поради можни врски со ретки тромби.
Луѓето помлади од 60. години кои ја примиле првата доза на вакцина АстраЗенека, ќе добијат друга вакцина за втората доза.
Ангела Меркел денес ќе прими АстраЗенека вакцина
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.