Американската актерка Сали Киркланд починала на 84-годишна возраст, по кратка хоспитализација и долготрајна борба со низа сериозни здравствени проблеми.
TMZ првпат ја потврдил смртта на Киркланд преку нејзиниот менаџер, Мајкл Грин. Грин истакнал дека Киркланд била во хоспис и починала во 4:50 часот наутро во вторник, 11 ноември.
Киркланд се справувала со сериозни здравствени проблеми во последните години. Во ноември 2024 година, била започната кампања GoFundMe откако актерката скрши четири коски во вратот, десниот зглоб и левиот колк.
За време на нејзиното закрепнување, таа исто така развила две одделни инфекции кои го загрозуваат животот, предизвикувајќи зголемување на медицинските трошоци, кои го надминувале нејзиното осигурување.
View this post on Instagram
Актерката беше најпозната по нејзината главна улога во филмот „Ана“ од 1987 година, кој ѝ донесе награда „Златен глобус“ и номинација за Оскар. Таа се појави во над 250 филмски и ТВ продукции.
Родена е во Њујорк во 1941 година. Нејзината мајка, исто така Сали Киркланд, била моден уредник во списанијата „Вог“ и „ЛАЈФ“. Киркланд започнала како модел пред да се сврти кон глумата.
Била дел од уметничкото студио на Енди Ворхол во Менхетен.
Се појавила во следниве филмови: „Going Home“ (1971), „The Way We Were“ (1973), „Crazy Mama“ (1975), „A Star Is Born“ (1976) и „Private Benjamin“ (1980), „Falcon Crest“.
View this post on Instagram
Киркланд се омажила двапати, во 1975 година со музичарот Мајкл Џарет и во 1985 година со џез продуцентот Марк Хеберт. И двата брака траеле помалку од три години.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни